• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

На семејниот фестивал во НОВА собрани средства за училиштето за деца со посебни потреби „Браќа Миладиновци“ во Куманово и други добротворни цели

2 мај 2024, 12:25
  • cподели

Во меѓународната образовна институција НОВА во Скопје изминатата сабота по 17. пат се одржа хуманитарниот семеен фестивал на кој беа собрани над 330.000 денари. Поголемиот дел од овие средства ќе бидат донирани на oсновното училиште за деца со посебни потреби „Браќа Миладиновци“ во Куманово, а остатокот од сумата ќе биде искористена за различни добротворни иницијативи, кои се организираат како дел од програмите за општествена одговорност на училиштето. На отворениот настан дојдоа стотици граѓани кои вкусија автентична храна од повеќе од 10 земји и притоа имаа можност да се запознаат со различни кулинарски приказни и култури. Воедно, присутните уживаа во повеќе настапи од учениците од НОВА, во посета на мини зоо-градина и се забавуваа на лотаријата со различни производи.

Нова

Овој хуманитарен настан е конципиран како семејна забава, а НОВА по втор пат го реализира во соработка со невладината организација Let’s Spread Love од Куманово која потоа ќе ги пренасочи средствата кон „Браќа Миладиновци“. Воедно, минатата година беа собрани и донирани 254.780 денари за учениците во интернатот на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане.

Организатор на настанот е Асоцијацијата на родители и наставници при училиштето НОВА кои се грижат за севкупната програма.

Нова

„Хуманитарните активности и иницијативи се приоритет во нашето училиште, кои како човечки вредности секојдневно ги пренесуваме на учениците. Силно веруваме дека, пред сè треба да ја негуваме емпатијата и секогаш да подадеме рака на оној што во тој момент му е потребна затоа што тоа нè прави луѓе во вистинска смисла на зборот. Како училиште отсекогаш сме биле интегрален дел од општеството и се трудиме да помогнеме во рамки на нашите капацитети, а фестивалот е настан кој од година во година, зема сè поголем замав со што и големината на собрани средства расте и тоа резултира со помош на повеќе институции и граѓани“ – велат од НОВА.

Нова

Досега дел од собраните средства на семејниот фестивал биле наменети и за Клиниката за педијатриска хематологија и онкологија при Универзитетската детска клиника, Домот за деца без родители „11 Oктомври“ во Скопје, Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“, Дневниот центар за деца на улица - Шуто Оризари и други институции.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.