• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

На кое место остана Јана? Кој гласаше за Македонија на Евровизија и на кои земји им ги дадовме нашите гласови?

14 мај 2017, 20:47
  • cподели

Евровизија заврши со победата на Португалецот Салвадор Собрал. Нашата претставничка Јана Бурческа не успеа да ни обезбеди место во финалето, иако имаше огромна поддршка од евровизиската публика.

Денес беа објавени табелите со рангирањето на учесниците во полуфиналните вечери и стана јасно на кое место остана Јана и кои земји ѝ дадоа поени на Македонија.

Имено, во втората полуфинална вечер, Јана заврши на 15-то место со вкупно 69 поени. Од нив, 40 поени беа од гласањето на публиката, додека 29 поени од стручните жирија.

Евровизија Публиката од Бугарија ни даде 12 поени, потоа на табелата е Србија со 10 поени, а следуваат Хрватска со 6 поени, Израел со 5 поени, Сан Марино со 4 поени и Швајцарија со 3 поени.

Евровизија

Стручните жирија од Малта и Франција ни доделија по 8 поени, жирито од Србија ни даде 5 поени, жиријата од Украина и Норвешка имаа за нас по 3 поени, додека унгарското жири ни даде 2 поени.

Евровизија

Македонската публика најмногу поени ѝ даде на Србија (12). На Бугарија ѝ даде 10, на Хрватска 8, на Израел 7, на Унгарија 6, на Швајцарија 5, на Естонија 4, на Романија 3, на Холандија 2, а на Ирска 1.

Евровизија

Македонското жири ги почести Бугарите со 12 поени, а Романците со 10 поени.

Евровизија
Tags
Јана Бурческа
Евровизија 2017

Најнови

  • Море, љубов, подароци... Елена Најдоски од „Живот со стил“ го прослави роденденот во Солун покрај сопругот Бојан

    Tue, 02/24/2026 - 09:47
  • Дејвид Бекам на скијање со ќерката Харпер: „Создавањето спомени со моите деца ми е најважно“

    Tue, 02/24/2026 - 09:11
  • Ерик Дејн

    „Болеста ми го зема телото, но никогаш нема да ми го земе духот“: Последните зборови на Ерик Дејн за неговите ќерки пред смртта

    Mon, 02/23/2026 - 21:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.