• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

На Аукцијата на чоколадо собрани над 300.000 денари за отворање на првиот Центар за аутизам

14 декември 2018, 13:37
  • cподели

Овогодишната четврта Аукција на чоколадо, насловена како „Чоколаден спектар“, се одржа на 12 декември во ресторан Фор во хотелот Парк. На хуманитарниот настан присуствуваа над 300 гости и беа обезбедени над 300.000 денари, средства кои ќе овозможат старт на првиот во регионот Центар за аутизам кој ќе работи во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија.

Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо

Овој центар ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за деца со аутизам на Lego Education, наречена Lego based therapy. Со помош на обезбедените донации, од поединци и компании како Алкалоид, Штедилница Фулм, Авицена, Паркинзи на Општина Центар, Kariera.mk, Осигурување Македонија, Ракометниот клуб Вардар, Пастел, Чоколарт, АМСМ и НЛБ Тутунска Банка, нашата желба и заложба за лансирање на центарот и реализирањето на овој проект стана реалност, односно на наше големо задоволство се создадоа услови за работа на подобри социјални вештини на овие деца, секако во соработка со стручни едуцирани лица, но и за помош на родителите и семејствата.

За извонредната атмосфера се погрижија Пепи Ренџов, кој ексклузивно промовираше песна од најновиот албум, Џезилка, и Роки и пријателите, а водители беа секогаш блескавите Миланка Рашиќ и Виктор Петров – Викса.

Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо

Аукцијата на чоколадо ја организираше Здружението на граѓани ПОЗИТИВО во партнерство со СТЕМ Академија на кои им претстои период на активна работа и подготовки за отворање на центарот на почетокот на 2019 година, кој веќе ја доби првата донација во форма на слика, акрил на платно, од Тања Џипунов.

Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо Аукцијата на чоколадо
Tags
аукција на чоколадо

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.