• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„На 18 години ме прегази чичко Полицаец под дејство на алкохол“: Бетика со објава за својата несреќа по смртта на Фросина

6 февруари 2025, 12:15
  • cподели

По трагичната смрт на Фросина Кулакова, многу Македонци за првпат прозборуваа за несреќите во кои биле повредени тие или нивни блиски личности.

Бети Котовчевска, позната како ледената Бетика, објави искрен текст во кој се отвори за моментот кога била прегазена од полицаец, кој за жал, не ја добил соодветната казна.

Бети Котовчевска

Прочитајте ја нејзината објава во целост:

Денес не зборувам јас, Фросина зборува преку мене.

Можеби ова вечно ќе го чував за себе, но денес бил денот.

На само 18 години ме прегази чичко Полицаец.

-Беше под дејство на алкохол, униформиран Полицаец во сопствено возило, после несреќата ме остави на улица брзајќи се да ја пречека делегацијата.

Очевидците наредниот ден, неми останаа. (Платени, сите да молчат)

Сега можеби ме читате, ако читајте ме.

Јас сум ЖИВА вистина!

И судот нем остана!

Имаше кривични дела за в затвор да скапе.

Тој ден не бев уплашена за себе, тој ден бев уплашена за него, зошто татко ми одеше да му пресуди.

Тој ден ја молев Мајката, го молев Бог, смирение татко ми да го облее, чунки за човек ќе одговара.

Можеби и ти ме читаш, не знам.

Не знам како сите вие мирно спиете ама, поминаа 11 лета, чичко Полицаец и пензија си дочека.

Правда не најдов.

Ја заташкаа работата.

Правда не најдов.

Денес не зборувам јас.

Денес зборува Фросина преку мене.

Затоа денес остави ме да се ДЕРАМ, зошто правда не најдов.

Почивај во мир малечка.

Оваа сообраќајна несреќа комплетно ѝ го промени животот на Бетика. Таа вели дека докторите биле откажани од нејзиното целосно опоравување, дури и се сомневале во инвалидитет, но дека капењето во ладна вода ѝ помогнало да ја излекува повредената нога.

Таа редовно практикува да се капи на ниски температури во студени и замрзнати езера и води.

Бети Котовчевска Бети Котовчевска

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.