• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Музичкиот гениј Кирил Џајковски ја прими наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ во Битола

27 септември 2025, 09:25
  • cподели

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на 46-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

Признанието е за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, а специјалната награда му беше врачена на свеченото затворање на Фестивалот во Битола.

Браќа Манаки

Возбуден од добивањето на значајното признание, тој рече:

„Како музичар и како автор, за мене, филмската музика секогаш била фасцинантна и секогаш сум се прашувал како таа го подобрува филмот, како ги зајакнува емоциите... Имав среќа да работам со исклучителни автори кои со своите остварувања ја ставија Македонија на светската филмска мапа. Горд сум што сум дел од креативниот тим на филмовите на Милчо Манчевски, Александар Поповски, Иво Трајков, Дарко Митревски и други, но ме радуваат и успесите на помладата генерација на новите филмски таленти како Тамара Котевска, како Ѓорѓи Унковски, кои ја продолжуваат успешната македонска филмска приказна и потврдуваат дека Македонија има филмаџии од светски карактер.“

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Игор Иванов-Изи, претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија, за Џајковски вели:

„Џајковски е филмски композитор, но пред сè познат скопјанец, творец на културната сцена и културниот профил на нашиот град и на нашата држава. Го знаеме од неговиот бенд „Бастион“, потоа се појави во „Леб и сол“ во албумот „Како какао“ и направи еден извонреден исчекор за овој скопски бенд, потоа почна да работи на театарски претстави и на филмското платно, а за неговите диџејски и соло проекти воопшто да не зборуваме. Синоним за современиот македонски звук, Џајковски е еден од најзначајните композитори и продуценти, познат по спојот на традиционални балкански мотиви со современи електронски ритми. Неговата музика е составен дел од најгледаните македонски филмови, меѓу кои „Бал-кан-кан“ и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Прашина“, „Врба“, „Сенки“ на Милчо Манчевски, „Големата вода“ и „Пиарги“ на Иво Трајков (за „Големата вода“ ја доби наградата за најдобра музика на Фестивалот во Валенсија), како и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски“.

Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки Браќа Манаки

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ традиционално ја изработува компанијата „Божиновски“.

Фото: Ивона Кочов, Александар Василевски / Femina.mk

Најнови

  • Ѓаволот носи Прада 2

    Екстравагантна мода на црвениот тепих на светската премиера на „The Devil Wears Prada 2“

    Tue, 04/21/2026 - 14:06
  • „Изгледам подобро со здрава коса која е бела“: Салма Хајек во гламурозно издание со природна седа коса на свеченост

    Tue, 04/21/2026 - 13:19
  • dm производи за чистење

    Тајната на совршено чист дом оваа пролет? Производите од dm марките Denkmit и Profissimo со цени што изненадуваат!

    Tue, 04/21/2026 - 13:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.