• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „'Алкалоид' е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

12 мај 2026, 17:04
  • cподели

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија.

Самитот „Македонија 2025“

Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација. На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и задржувањето на талентите во Југоисточна Европа. Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, говореше за трансформацијата на компанијата од регионален производител во глобално конкурентна фармацевтска компанија.

„Пресвртот се случуваше постепено како резултат на долгорочната и внимателно поставена стратегија. Визијата за глобализација започна со изградбата на новите производствени капацитети во раните 2000-ти години, додека, пак, клучниот исчекор кон европските пазари се случи во 2007 година, кога беше потврдена нашата усогласеност со стандардите ЕУ-GMP и кога го добивме првото одобрение за ставање лек во промет во Европската Унија. Денес ’Алкалоид’ има 1008 маркетиншки авторизации за лекови на пазарите во ЕУ.“

Живко Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“

Мукаетов посочи дека фармацевтскиот сегмент денес учествува со 91 процент во вкупните продажби на компанијата, удел во кој предничи полусинтетскиот цефалоспорин – цефиксим, за кој „Алкалоид“ е водечки производител во Европа и Евроазија според волуменот на производство.

Посебен акцент на панелот беше ставен врз важноста на човечките ресурси и врз проблемот на земјава и регионот со одлив на таленти, што директно влијае врз економскиот и иновативниот потенцијал. Меѓу компаниите во регионот сѐ почесто се наметнува оцената дека образовниот систем не одговара на потребите на современиот пазар на трудот и дека е евидентен недостигот од практично подготвен и глобално конкурентен кадар.

„’Алкалоид’ инвестира во сопствена академија, практикантски програми, дуално образование и во стипендии за студенти по медицина и фармација, со цел да придонесе за создавање и задржување квалитетен кадар во земјава. Како столбови на националните економии, големите компании треба да најдат начини за да ги задржат талентите тука. Нашата стратегија за луѓето е и наша бизнис-стратегија“, порача генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, на Самитот „Македонија 2025“, нагласувајќи дека долгорочниот успех и позитивниот имиџ на компанијата се темелат врз организациска култура во која луѓето, довербата и развојот на таленти се врвен приоритет.

На панел-сесијата „Од потенцијал до перформанси: може ли регионот да скалира?“, модерирана од Методија Папазоски, член на Одборот на директори на „Македонија 2025“ и претставник на „EMBS Group“, учествуваа и Александар Сератлиќ, претседател на Надзорниот одбор на „Mercata VT Owner“ и член на надзорните одбори на „Vivex Group“, „Краш“ и „MPC Properties“; Ана Драшковиќ, потпретседател и регионален генерален менаџер за Југоисточна Европа во „VISA“, и Огњен Лазиќ, генерален директор на „Пивара“ Скопје.

Живко Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“
Самитот „Македонија 2025“
Tags
Алкалоид
Самитот „Македонија 2025“

Најнови

  • Сиена Милер на 44 години го доби третото дете со 16 години помладиот партнер: „Лудо сум заљубена“

    Tue, 05/12/2026 - 22:20
  • Живко Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“

    Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „'Алкалоид' е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

    Tue, 05/12/2026 - 17:04
  • dm туторијал за матурска шминка

    Матурска шминка која трае цела вечер: Милена Косиќ открива совршен изглед со производи од dm

    Tue, 05/12/2026 - 16:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.