• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„МОЖЕШ да се опоравиш, никогаш не е предоцна“: Анорексична девојка тежела 32 кг и била на работ на смртта, сега инспирира други

16 јануари 2020, 20:54
  • cподели

Девојка, која била на работ на смртта, успеа да се извлече од канџите на анорексијата и да се опорави. Сега е вистинска инспирација на Instagram и прикажувајќи го нејзиното фитнес патување, охрабрува и други лица да го следат нејзиниот пример.

Ема Хајнард од Англија имала само 19 години кога била примена на болница поради висок ризик за неминовна смрт. Анорексичната девојка тежела само 32 килограми, имала пулс послаб од 30 отчукувања и нејзините внатрешни органи започнале да откажуваат. Нејзе ѝ била поставена туба за хранење сè додека не ѝ се стабилизирала здраствената состојба. Тоа ѝ го спасило животот.

Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард

„Докторите ми поставија туба за хранење зашто бев случај со висок ризик за неминовна смрт. Мајка ми дури им рече на медицинските сестри ‘Не се чувствувајте лошо ако не можете да ја поправите, ние прифативме дека ќе умре од данорексија. Само одржувајте ја во живот колку што е можно подолго време и можеби ќе се случи некое чудо и таа ќе се опорави’. Таа не сакаше сестрите да се чувствуваат лошо ако се случи нешто“ – пишува Ема.

Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард

Ема започнала да слабее затоа што не била задоволна со изгледот и сакала да си ја зголеми самодовербата со помош на диета, која брзо се претворила во нешто опасно. „На секој изгубен килограм, јас не бев задоволна“ – продолжува Ема.

Набрзо, таа започнала да консумира 1.500, па 1.000, па 800 калории дневно и започнала нагло да слабее. Мајка ѝ неуспешно се обидувала да ја подобри ситуацијата, барајќи медицинска помош.

Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард

„Во следните 7 години, 7 пати ме примија во локална болница и имав три приеми во оддел за пореметувања во исхраната кои траеја 4-6 месеци. Во тоа се состоеше мојот живот. Ги изгубив сите пријатели и сите испити ги полагав на болница, косата ми паѓаше и страдав од панични напади секој ден. На 19 години, страдав од остеопороза и бев обземена од глас кој не ми дозволуваше да верувам дека заслужувам подобро. Пореметувањата во исхраната не се шега, тие не се гламурозен начин за слаба фигура која се идеализира од општеството. Тие ќе ти одземат сè, вклучително и твојот живот, ако им дозволиш“ – вели Ема.

Моментот кога Ема се запишала на фитнес, откако излегла од болница, бил пресвртен момент во нејзиниот живот.

„Се запишав на фитнес со мисија да си ја вратам снагата и набрзо ја пронајдов мојата животна страст. Се предизвикав себеси на позитивен начин и чувството да го ценам моето тело поради неговата сила беше неверојатно, и сè уште е во секој изминат ден. Научив повеќе за хранливите состојки и како да го хранам моето тело и да не го малтретирам. Започнав да се натпреварувам во кревање тегови, што беше неверојатно и беше голем мотиватор во моето опоравување“ – пишува Ема.

Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард

Сега, нејзина цел е да им помогне на други лица кои страдаат од пореметувања во исхраната и да им покаже преку личен пример дека МОЖАТ да се опорават.

„Започнав да го документирам моето патување на Instagram за да се обидам да им покажам на други лица кои страдаат од пореметување во исхраната дека Е возможно да живееш живот по анорексија, дека можеш да возвратиш и да победиш.“

„Сега ми е последната година на факултет, имам две работни места и ми претстојат уште неколку натпревари во кревање тежина. Пред три години бев безнадежна, мислев дека сум изгубен случај, дека никогаш нема да можам да се опоравам.“

„Ако ти си таков случај и го читаш ова, ТЕ МОЛАМ верувај ми кога велам дека МОЖЕШ да се опоравиш, дека МОЖЕШ да се вратиш од ова и дека никогаш не е предоцна. Опоравувањето е тешко и страшно и ќе те тестира на многу начини кои не можам ни да ти ги објаснам, но ќе научиш колку си силен. Побарај помош ако не можеш да го направи тоа сам. Верувај им на твоите блиски и на медицинските лица кога не можеш да си веруваш себеси. Дај си шанса да го живееш животот што го заслужуваш и продолжи да создаваш спомени, бидејќи никогаш нема да пронајдеш среќа во анорексијата, мораш да се ослободиш од неа“ – вели таа.

Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард Ема Хајнард
Tags
анорексија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.