• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Монструмот кој ја дрогирал сопругата и канел над 50 мажи да ја силуваат осуден на 20 години затвор

19 декември 2024, 13:51
  • cподели

Некои жени заслужуваат да им се симне капа и со причина се нарекуваат „инспирација“.

Една од нив е Жизел Пелико, жената која со крената глава го помина судскиот процес против поранешниот сопруг Доминик Пелико, победи и стана жена-хероина во Франција.

Денес, судот му одреди 20 години казна затвор на Доминик, познат и како „Монструмот од Авињон“ затоа што една деценија ја дрогирал сопругата и канел различни мажи да ја силуваат додека тој снимал и фотографирал.

Жизел Пелико Жизел Пелико ПендаровскиДоминик Пелико

Доминик признал дека 83 мажи имале сексуални односи со Жизел без нејзина согласност додека таа била без свест за она што ѝ се случувало. Само 50 од нив биле на судењето, бидејќи идентитетот на останатите не бил познат. Меѓу нив има пожарникари, градинари, чувари во затвор, војници и новинари.

72-годишниот Французин ја доби максималната можна казна пропишана со закон за делото коешто го извршил.

Во судницата беа и трите деца на Доминик и Жизел. Додека му била изрекувана казната, неговата ќерка во судницата извикала: „Ќе умреш сам како куче во затвор“.

Жизел Пелико

Заедно со Доминик, казни добија и останатите 50 мажи на кои им се судеше за време на процесот. Возраста на силувачите е од 26 до 74 години, а казните варираат од 3 до 15 години затвор.

Еден од осудените, Жан-Пјер Марешал, е осуден на 12 години затоа што ги следел стапките на монструмот и ја дрогирал својата сопруга, канејќи го Доминик да ја силува. Обвинителството барало 17 години затвор за него.

Во Франција, а и пошироко, Жизел стана поим за храброст и феминизам. Таа ги гледаше во очи сите мажи додека им беа читани пресудите. Доминик плачел додека бил осудуван.

Жизел Пелико Жизел Пелико

Жизел беше дочекана од огромна толпа луѓе кои постојано ѝ ја даваа нивната поддршка за време на судењето.

На почетокот на процесот, судот ѝ даде право на анонимност на Жизел, но таа го одби тоа и одлучи смело да се соочи на суд со силувачите, борејќи се истовремено за подигнување на свеста за сексуалното насилство.

Таа им се заблагодари на сите кои ја поддржуваа и рече дека „жртвите најчесто живеат во сенка“ и дека верува „во колективниот капацитет да се пронајде подобра иднина каде жените и мажите ќе живеат заедно со заемна почит“.

Додека траеше судскиот процес, жени низ цела Франција излегуваа на улиците и држеа знаци со натписи: „Едно силување на секои шест минути“, „Силувачи ве гледаме, жртви ви веруваме“, „Сите ние сме Жизел“...

Жизел Пелико

Злоставувањето над Жизел започнало во 2011 година, а траело до 2020 година, кога Доминик бил уапсен и му биле одземени електронските уреди. Жизел немала претстава што ѝ се случувало сè додека полицијата не ѝ ги покажа снимките и фотографиите направени од сопругот.

Доминик ја дрогирал Жизел преку храната, а кога таа ќе изгубела свест, во нивниот дом доаѓале поканетите мажи за да ја силуваат. Како последица на тоа, Жизел започнала да ја губи меморијата уште во 2011 година и мислела дека страда од Алцхајмерова болест. Во 2013 година, симптомите ѝ се влошиле, косата започнала да ѝ опаѓа, загубила тежина и имала „дупки“ во помнењето од различни делови од денот.

„Не можев да разберам зошто имам такви моменти. Бев убедена дека имам почеток на Алцхајмерова болест или тумор на мозокот“ – рекла таа.

Жизел Пелико

Доминик постојано одел со неа на здравствените прегледи додека таа трагала под одговори.

„Ниту во една секунда не помислував дека можеби сум дрогирана“ – рекла Жизел.

Откако дознала што навистина ѝ се случувало, таа побара од судот Доминик да има јавно судење затоа што е важно другите жени да ја слушнат нејзината приказна.

„Па, ако други жени се разбудат без сеќавање, можеби ќе се сетат на сведочењето на госпоѓа Пелико. Ниту една жена не треба да страда од дрогирање и злоставување“ – рекла таа.

Жизел Пелико

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.