• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Монохроматска елеганција со доза драматика: Маја Андоновска-Илијевски отмена на „Браќа Манаки“

19 септември 2026, 20:42
  • cподели

Пред првите кадри да го освојат големото платно, вниманието на отворањето на 47-мото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ го привлекоа и визуелните приказни од црвениот тепих. Меѓу силуетите кои го задржаа погледот беше и таа на актерката Маја Андоновска-Илијевски.

Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице

Поранешната директорка на Центарот за култура на Битола избра црна креација со архитектонски обликувана мини-силуета во горниот дел и долг проѕирен завршеток кој внесува движење и доза на драматика. Чистата линија на деколтето и нагласената половина ѝ даваат префинета структура на креацијата, а транспарентниот долен дел создава интересна игра меѓу строгоста и леснотијата.

Но, модниот акцент кој веднаш го презема фокусот е црниот „фасцинатор“, скулптурален додаток со мрежести детали и разиграни форми, кој на монохроматскиот изглед му дава театарска нота и карактер. Наместо многу накит, Маја се одлучи за дискретни висечки обетки, оставајќи му простор токму на впечатливиот додаток за коса да ја води целата модна приказна.

На свеченото отворање Маја пристигна со сопругот Ице Илијевски.

Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице
Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице
Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице
Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице
Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице
Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице
Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице
Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице

Филмскиот фестивал вечерва започнува со македонската премиера на „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума.

Маја Андоновска-Илијевски
Маја Андоновска-Илијевски

Фото: Ивона Кочов, Александар Василевски / Femina.mk

Tags
Маја Андоновска-Илијевски
Браќа Манаки 2026
Браќа Манаки

Најнови

  • Маја Андоновска-Илијевски со сопругот Ице

    Монохроматска елеганција со доза драматика: Маја Андоновска-Илијевски отмена на „Браќа Манаки“

    Sat, 09/19/2026 - 20:42
  • Хуманитарен пикник на Алкалоид

    Хуманитарен пикник на „Алкалоид“: Нова донација од 2,2 милиони денари за детската клиника „Козле“

    Sat, 09/19/2026 - 16:10
  • Браќа Манаки 2026

    Вечерва почнува 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

    Sat, 09/19/2026 - 12:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.