Моќен момент: Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со Каролина, Калиопи, Влатко Стефановски, Наум Петрески...
Синоќа, Хозе Карерас приреди незаборавен момент во Скопје.
Светската оперска легенда застана рамо до рамо со нашите музички ѕвезди и заедно со нив ја испеа македонската песна „Едно име имаме“.
На сцената со Карерас се појавија некои од најпознатите македонски изведувачи, обединувајќи ги своите гласови за изведбата на една од најпрепознатливите македонски песни.
Каролина Гочева, Калиопи, Дешира Амети-Крлиу, Влатко Стефановски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски пееја со Карерас додека повеќе од 60 музичари од Македонската филхармонија го збогатуваа настапот.
Публиката со одушевување и силни емоции го следеше музичкиот спектакл.