• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Моќен момент: Гимнастичарката Али Рајсман и 140 спортистки кои биле сексуално злоставувани од докторот Лери Насар ја примија наградата за храброст

19 јули 2018, 10:35
  • cподели

Моќен момент го одбележа годинешното доделување на ESPY наградите. На сцената храбро се исправија 141 од спортистките кои беа сексуално малтретирани од Лери Насар, кој долги години работеше како спортски доктор во тимот на гимнастичари на САД. Во нивните раце заврши наградата за храброст „Артур Еш“.

ESPY наградите ESPY наградите

Али Рајсман, која од 15-годишна возраст беше малтретирана од Насар, со незаборавен говор ја трогна публиката.

ESPY наградите

1997, 1998, 1999, 2000, 2004, 2011, 2013, 2014, 2015, 2016. Тоа се годините во кои проговоривме за злоставувањето од Лери Насар. Во сите тие години, ни беше кажувано: 'Не си во право. Погрешно си разбрала. Тој е доктор. Во ред е. Не грижи се. Биди внимателна. Има ризици'. Намерата? Да нè замолчат заради пари, медали и репутација.

Но, ние бевме упорни и конечно, некој нè слушна и ни поверува. Изминатиов јануари, судијката Роузмари Аквалина покажа длабоко разбирање и ни даде можност да се соочиме со нашиот злоставувач, да ја кажеме нашата вистина и да се чувствуваме слушнати. Ви благодарам што ги почитувавте нашите гласови. Предолго бевме игнорирани, а вие ни помогнавте да ја преоткриеме моќта која ја поседуваме. Веројатно нема да ги запознаете стотиците деца кои ги спасивте, но знајте дека постојат.

Ефектот од нашите постапки и нашата пасивност може да биде огромен, може да се протега низ генерации. Веројатно најголемата трагедија во овој кошмар е што можеше да биде избегнат. Предаторите уживаат во тишина. Пречесто луѓето избираат да не се вмешуваат. Со одлуката дали да преземете одреден чекор или не, вие го обликувате светот во кој живееме. Сè што нас ни требаше беше еден возрасен со интегритет да застане меѓу нас и Лери Насар. Ако еден возрасен нè слушнеше, ни поверуваше и преземеше нешто, луѓето кои стојат пред вас на оваа сцена немаше никогаш да го запознаат него.

До жртвите, не дозволувајте некој друг да ја пишува вашата приказна. Вашата вистина е важна. Вие сте важни. И не сте сами.

Сите имаме потешкотии. Ако избираме да слушаме и да се однесуваме со емпатија, можеме да влечеме сила еден од друг. Можеби страдаме сами, но преживуваме заедно.

Со децении Насар злоставуваше малолетни спортистки. Најмалку 250 девојки и едно момче беа сексуално малтретирани од 54-годишниот педофил кој беше осуден на 175 години затвор.

ESPY наградите ESPY наградите ESPY наградите
Tags
Лери Насар
Али Рајсман

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.