• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Моите омилени сарми и коматот со тиква на баба ми секогаш ми мирисаат на дома“: Емилија од Струга за готвењето традиционални јадења

5 јануари 2026, 19:45
  • cподели
Емилија од Вкусот на дома

Емилија Мурџоска стои зад профилите „Вкусот на дома“ со десетици илјади следбеници на социјалните мрежи. Со своите јасни и едноставни рецепти, таа успеа да изгради заедница што ја обединува љубовта кон домашната храна и традиционалните вкусови.

Преку едноставни и топли објави, оваа млада девојка од Струга ги оживува македонските јадења со кои многумина пораснаа и им дава нов живот, прилагоден на денешното секојдневие.

Во интервју за Фемина, раскажува за љубовта кон готвењето, семејните рецепти што се пренесуваат од генерација на генерација, како и за филозофијата дека и во кујната и во животот најубавите работи се прават со трпение и со срце.

Емилија Мурџоска од „Вкусот на дома“
Што ве поттикна да го создадете „Вкусот на дома“ и што мислите дека најмногу ги привлекува луѓето кај вашите рецепти?

Љубовта кон готвењето беше една од главните причини поради која го создадовме „Вкусот на дома“. Имав чувство дека нашите традиционални рецепти остануваат малку заборавени, особено кај помладата генерација. Во исто време, сакав да го задржам чувството на дом, топлина и домашна храна.

Идејата долго време ја носев во себе, а дополнително ме инспирираа и честите прашања кои ги добивав за различни рецепти. Но, и секогаш нешто ме враќаше во кујната – таму каде што навистина се чувствувам своја.

Мислам дека луѓето најмногу ја ценат едноставноста и јасноста на рецептите – со точни мерки и објаснувања. Сакам на едноставен начин да покажам дека и традиционалните рецепти, кои на прв поглед можеби изгледаат комплицирано, можат да се подготват со леснотија и задоволство.

Емилија Мурџоска од „Вкусот на дома“
Од кого ја наследивте љубовта кон готвењето?

Дефинитивно од мајка ми и бабите, но и од целото мое семејство. Уште како мала растев со домашно зготвена храна, па и до ден-денес, секој ден се готви нешто домашно.

Сите во семејството ја имаме таа дарба за готвење и мислам дека токму тоа гледање и присуството во кујна секојдневно ја изгради мојата љубов кон готвењето.

Вашиот профил е исполнет со традиционални домашни јадења. Колку за вас е важно да се чуваат и пренесуваат рецепти од генерација на генерација?

Мислам дека традиционалните рецепти не се само начин на готвење, туку дел од нашиот идентитет. Се трудам да ги зачувам тие вкусови, но и да ги прилагодам на денешното време ново време, така што и помладите генерации ќе сакаат да ги подготвуваат.

Но, исто сакам и да објаснам зошто ги правиме некои работи што можеби кога сме ги гледале од други ни биле збунувачки и не така јасни. Често добивам прашања, зошто гравчето мора да кисне од вечер, или па зошто квасецот треба да се активира пред да се замеси тестото.

Во периодот на пости, вашите едноставни и вкусни идеи се особено барани. Како го прилагодувате готвењето за деновите на пост и што најмногу сака публиката?

Со посните рецепти се трудам да покажам дека храната може да биде вкусна, креативна и не секогаш монотона. Но, исто сакав да споделам и голем број рецепти кои може да се зготват и за слава. Си направив „challenge“ каде споделував посни рецепти 14 дена со ред, па можам да речам дека тоа се само мал дел од тоа што сум имала да споделам.

Мислам дека од посните рецепти најдобредојдени се главните јадења, лесни десертчиња, а секако тука се и посните пити или комат.

Дали имате омилени специјални рецепти од вашето детство, некои „кујнски спомени“ кои секогаш ви го носат вкусот на дома?

Имам многу рецепти кои сè уште ми будат спомени и ме навраќаат на моето детство. Би можела да ги издвојам моите засекогаш омилени сарми, коматот со тиква на баба ми и некоја домашна манџичка.

Како успевате да ги направите вашите рецепти достапни и за оние кои немаат многу искуство во кујна, а сепак сакаат да готват традиционална храна?

Се трудам секој рецепт да биде јасен, со точни грамажи и објаснувања. Знам колку може да биде обесхрабрувачки кога нешто не ќе испадне од првпат, па затоа пробувам да ги откријам сите тајни кои сум ги научила и грешки кои сум ги правела за да им помогнам да избегнат истите проблеми. Сакам секој кој ќе одлучи да проба некој од рецептите да се чувствува сигурен и мотивиран и да ужива во процесот на готвење.

Емилија Мурџоска од „Вкусот на дома“
Покрај уживањето во готвењето, со што друго се занимавате, опишете ни се во една реченица?

За мене, иако готвењето е големо уживање, тоа е и мојата работа – целосно сум посветена на „Вкусот На Дома“ и најголемиот дел од моето време го вложувам во тоа.

Мото кое ве води низ животот?

Верувам дека убавите работи не се брзаат, или па често знам да кажам „good things take time“. Како и во готвењето, така и во животот, најдобрите резултати доаѓаат кога им даваме време, внимание и трпение. Сакам сè што правам, да биде направено со срце.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Emilija M (@vkusotnadoma)

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Емилија Мурџоска
Вкусот на дома

Најнови

  • Отец Михаил

    „Божиќ нè потсетува дека домот е храм на љубовта… Добрината носи радост, а простувањето ја обновува душата“: Отец Михаил за духовната смисла на Божиќ

    Wed, 01/07/2026 - 00:30
  • Бадник и Божиќ во семејството на Нина и Борко Ристовски

    „Децата ги причестуваме, а божиќното утро е најубавото и прво одиме во црква“: Нина за Бадник и Божиќ во семејството Ристовски

    Tue, 01/06/2026 - 16:00
  • Емилија од Вкусот на дома

    „Моите омилени сарми и коматот со тиква на баба ми секогаш ми мирисаат на дома“: Емилија од Струга за готвењето традиционални јадења

    Mon, 01/05/2026 - 19:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.