Модерно дуо: Хајди Клум за првпат ја одведе 17-годишната ќерка на Модната недела во Париз како роденденски подарок
Хајди Клум за првпат ја одведе ќерката Лу на Модната недела во Париз.
53-годишната манекенка и нејзината ќерка, која за 3 дена ќе наполни 17 години, мамеа погледи на неколку различни настани. За Лу ова беше прво официјално појавување на престижниот моден настан, а нејзината мајка се погрижи тој момент да биде посебен.
Дуото мајка-ќерка заедно присуствуваше на ревијата на Вивиен Вествуд, на која седеше во првите редови. Хајди блесна во бел костум со впечатлив сако и долго здолниште, додека Лу избра дводелна младешка комбинација инспирирана од тексас, со кратко здолниште, елече и впечатливи обувки на платформа.
Иако е порасната во светот на славните, Лу призна дека имала трема пред нејзиното прво вистинско модно искуство во Париз.
„Отсекогаш сум била во центарот на вниманието на некој начин, всушност, уште од раѓање. Тоа е дел од животот за мене и за моите браќа и сестра. Но, сега кога навистина одам на моден настан и одблиску ја доживувам високата мода, можам некако повеќе да се изразам и официјално да покажам која сум, наместо само да шетам наоколу и да бидам фотографирана. Тоа многу ми значи“ – изјавила таа за „Вог“.
Хајди откри дека престојот во Париз бил нејзиниот „мал ран роденденски подарок“ за Лу. Манекенката има посебна врска со Вивиен Вествуд и креативниот директор Андреас Кронталер, па сметала дека токму нивната ревија е совршен избор за првото модно искуство на нејзината ќерка.
По ревијата, мајката и ќерката се пресоблекоа и присуствуваа и на гала-вечерта „BoF500“. Таму Лу се појави во бел фустан со корсетен горен дел, додека мајка ѝ избра впечатлива црвена комбинација.
Тие присуствуваа и на ревијата на брендот Audemars Piguet во француската метропола.
Лу е најмладото дете на Клум и пејачот Сил. Нејзината постара сестра Лени веќе изгради успешна модна кариера, а и нејзиниот брат Хенри успешно чекори на модните писти.