• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Моден водич: Како да изберете совршен накит во зависност од формата на лицето?

20 октомври 2019, 20:06
  • cподели

Ви се случило импулсивно да купите накит, а штом ќе го ставите дома да сфатите дека не е така атрактивен избор како што првенствено сте мислеле? Понекогаш еден од факторите кои не треба да ги занемарите при изборот на обетки и накит за врат е силуетата на лицето.

Следните совети ќе ве насочат кон најсоодветниот накит за формата на вашето лице.

Кружно лице

Идејата е со обетките визуелно да го издолжите лицето за да изгледа послабо. Преферирајте „вертикални“ обетки и геометриски накит со изразени агли. Ибегнувајте алки, обетки со тркалести елементи или висечки дискови, како и мали „копче“ обетки.

Вашата селекција препорачливо е да вклучува подолги ланчиња со V-линија, а не кратки синџирчиња и ѓердани од типот на „чокери“ кои уште повеќе ќе ја акцентираат заобленоста на лицето.

Накит според формата на лицето Накит според формата на лицето

Овално лице

Задоволно насмевнете се доколку имате овално лице, зашто веројатноста е огромна дека ќе станете мета на комплименти, независно каков накит ќе изберете. Од естетска гледна точка, оваа форма на лицето се смета за идеална, па можете да експериментирате со секакви стилови.

Без оглед дали ќе изберете обетки во форма на триаголник или капка, или пак, ќе се насочите кон обетки во стил „лустер“, нема да погрешите сè додека стоите подалеку од предолги обетки кои непосакувано премногу ќе го издолжат лицето.

Кај накитот за врат, сè е во игра за вас.

Накит според формата на лицето Накит според формата на лицето

Срцевидно или лице во форма на обратен триаголник

Лице во форма срце/обратен триаголник најдобро се балансира со обетки кои се пошироки во долниот дел за да се оттргне вниманието од заострената вилица. Во најдобар случај, најширокиот дел на обетките ќе биде во линија со вилицата.

Полукружните ѓердани и ланчиња со впечатливи компоненти се оптимален избор за вас.

Накит според формата на лицето Накит според формата на лицето

Квадратно лице

Во случај да имате квадратно лице, исправени сте пред две задачи – прво, привидно да го издолжите лицето, а второ, да ги направите понежни неговите „агли“. Оптимален избор се долги тенки обетки и долги ланчиња.

Прескокнете ги прешироките обетки, за да не му дадете уште повеќе волумен на лицето и кратките обетки во форма на многуаголници.

Накит според формата на лицето Накит според формата на лицето

Правоаголно лице

За да воспоставите рамнотежа кај правоаголно лице, неопходно е да се фокусирате на волуменот, па пократките обетки со кружна форма се совршени.

Накитот за врат неопходно е да има мека, полукружна линија. Тука важи правилото „пократко е подобро“.

Накит според формата на лицето Накит според формата на лицето

Прикажаниот накит можете да го најдете во ексклузивниот продажен салон на Rebecca во трговскиот центар „Рамстор“.

Rebecca Macedonia на Instagram

Rebecca Macedonia на Facebook

Tags
Rebecca

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.