• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Моделот Робин Лоули против модната индустрија: „Зошто би гладувала за нечии идеали?“

16 мај 2017, 11:39
  • cподели

Робин Лоули, моделот кој го освои модниот свет со своите облини, блесна во нова кампања за костими за капење.

27-годишната девојка ги претстави моделите за сезоната пролет/лето на Simply Be, британски бренд насочен кон жени со позаоблена фигура.

Убавата Австралијка е сè погласна во своите апели дека жените со нејзината големина не треба да бидат нарекувани „plus-size“.

Робин Лоули Робин Лоули Робин Лоули

„Деградирачко е. Се чувствувам здраво и нормално во оваа големина“ – вели таа.

Како и најголем дел од тинејџерките и Лоули во младоста се обидувала да ослаби за да се вклопи во стандардите наложени од модната индустрија, но поради градбата на нејзиното тело, тоа било невозможно.

„Тинејџерските години се ужасни за секоја девојка, особено кога се обидуваш да станеш модел. Јас се обидував да ослабам, но наместо тоа станав многу широка. Нема физички начин да бидам манекенка како Карли Клос. Сум ја сретнала, висока е колку мене и има природно тенка фигура. Никогаш не би можела да бидам како неа“ – објаснува таа.

Робин научила да се сака себеси онаква каква што е и без да се изгладнува себеси или да држи строги диети, успеала да се пробие во модниот свет, каде жените со облини добиваат сè повеќе кампањи и се таргет група на сè повеќе брендови.

„Зошто да се изгладнувам себеси, да бидам нездрава и да му нанесувам на моето тело огромна штета само за да се вклопам во нечии идеали? Бев среќна што моделите со облини добија полет во тоа време. Пред десет години, девојките како мене немаа никакви шанси.“

Робин Лоули Робин Лоули Робин Лоули

„Односот кон plus-size моделите се менува. Тие стануваат сè попопуларни и се во тренд, но ова е неодамнешно развитие во модната индустрија. Кога јас станав модел, не можев да се соберам во облеката за проба, а работата ја добиваа најслабите девојки. Тие не мораа ни да бидат најфотогенични или најубави, ниту пак да се движат најдобро. Едноставно ќе ги избереа најслабите“ – смета таа.

Целта на Робин сега е да ѝ биде најдобар и најпозитивен пример на ќерка си. „Сакам да чувствува дека може да биде сè што ќе посака. Така ме учеа мене моите родители“ – вели таа.

Робин Лоули Робин Лоули

Видео

A post shared by Robyn Lawley (@robynlawley) on May 12, 2017 at 7:08am PDT

Најголема слава Робин стекна откако се појави на насловната страница на италијанското издание на „Vogue“ во 2011 година.

Робин Лоули Робин Лоули
Tags
Робин Лоули

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.