Свеченоста „Златен глобус“ е посветена на најдобрите во филмската индустрија, но огромен дел од вниманието на публиката е свртено и кон модниот избор на гостите. Токму затоа, славните актерки со денови се подготвуваат за парадата на црвениот тепих.
И годинава ѕвездите му кажаа „не“ на експериментирањето со ексцентрични креации и фризури и играа на сигурно. Розовите аутфити беа најзастапени, но мошне популарна боја беше и жолтата. Исто така, многу актерки избраа креации со златен отсјај или златни детали.
Погледнете како изгледаа гостинките на црвениот тепих и оценете го нивниот стил:































































