Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „La La Land“ е големиот победник на „Златен глобус“, го сруши рекордот за најмногу освоени награди

„La La Land“ е големиот победник на „Златен глобус“, го сруши рекордот за најмногу освоени награди

Врвни холивудски ѕвезди се собраа во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија, за да ја проследат манифестацијата по повод доделувањето на престижните награди „Златен глобус“. Џими Фелон го водеше настанот на кој беа наградени најдобрите во филмската индустрија за годината која измина.

„La La Land“ стана големиот победник на вечерта, освојувајќи ги наградите во сите СЕДУМ категории во коишто беше номиниран. Успешниот мјузикл го сруши рекордот за филм кој има освоено најмногу златни глобуси, носејќи му ја на Рајан Гослинг наградата за Најдобар актер во мјузикл/комедија, на Ема Стоун за Најдобра актерка во мјузикл/комедија, а на Демиен Шазел за Најдобар режисер. Филмот беше прогласен и за Најдобар мјузикл/комедија, а песната „City of Stars“ за Најдобра оригинална песна.

Златен глобус 2017 Златен глобус 2017 Златен глобус 2017

Кејси Афлек ја присвои наградата за Најдобар актер во драма за улогата во филмот „Manchester by the Sea“, додека за Најдобра актерка во драма беше прогласена Изабел Хуперт за улогата во филмот „Elle“.

Златен глобус 2017 Златен глобус 2017

За Најдобра драма беше избран филмот „Moonlight“, „Zootopia“ стана Најдобар анимиран филм, додека наградата за Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје му беше доделена на францускиот филм „Elle“.

Златен глобус 2017

Златниот глобус за Најдобар актер во споредна улога му припадна на Арон Тејлор-Џонсон за „Nocturnal Animals“, додека Најдобра актерка во споредна улога стана Виола Дејвис за „Fences“.

Златен глобус 2017 Златен глобус 2017

Престижната награда Сесил Б. ДеМил заврши во рацете на Мерил Стрип, која досега има освоено осум златни глобуси, а била номинирана 30 пати.

Златен глобус 2017

Целосната листа на победници можете да ја најдете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.