• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Многу нè изненади што еден појадок од сендвич и кафе во пекара е околу 30 евра“: Татјана Стојановска за патувањето во Осло

22 април 2026, 00:00
  • cподели
Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло

Татјана Стојановска важи за едно од најпрепознатливите телевизиски лица кај нас, но приватниот живот кој ѝ е исполнет со стабилност и семејна топлина внимателно го чува далеку од очите на јавноста. Сепак, она што со задоволство го споделува е големата страст која ја дели со сопругот Михаил: љубовта кон откривањето нови дестинации. За нив, ваквите авантури се бегство од секојдневието, но и можност за создавање на драгоцени заеднички спомени кои остануваат засекогаш.

Изминатава зима, тие ја заокружија својата нордиска приказна со посета на Осло, град кој одамна се наоѓал на нивната листа на желби. Во разговор за Фемина, шармантната ТВ-презентерка открива дека идејата за ова патување се родила уште минатата година, како логично продолжение по посетата на Данска и Шведска, но и како извонредна можност да уживаат во концертот на светски познатиот композитор Ханс Цимер.

Од модерната архитектура и еколошката свест на градот, преку прошетките покрај пристаништето и културните знаменитости, па сѐ до незаборавниот музички спектакл во арената, Татјана ни раскажува како изгледало нивното доживување на норвешката престолнина.

Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Од каде дојде идејата токму за Осло – спонтана одлука или одамна ви беше на листата на желби?

Мотивите за посета на некој град обично ги врзуваме со посета на некој концерт

Идејата за да го посетиме Осло ја добивме уште минатата година, како заокружување на посета на Нордиските земји, по посетата на Данска и Шведска што ја имавме во 2023 година. Уште во јуни минатата година, ги купивме авионските карти Скопје - Сандефјорд со „Виз Еир“ и ете планот беше почнат. Исто така, една од намерите за посета беше да одиме на концертот на германскиот композитор на филмска музика, Ханс Цимер, што се одржуваше тие денови кога и ние престојуваме таму, па веднаш ги купивме и картите за концертот. Тоа беше уште една причина. Вообичаено и мотивите за посета на некој град ги врзуваме со посета на некој концерт, затоа што сме љубители на такви настани и досега сме биле на многу концерти низ Европа на познати светски ѕвезди и бендови.

Кој беше првиот впечаток кога пристигнавте, што сѐ посетивте и што најмногу ве воодушеви?

Осло е комбинација на модерна архитектура, природна убавина и висок квалитет на живот. Има зелена околина и е опкружен со паркови и шуми. Има обезбеден јавен транспорт и е еден од најеколошките градови во Европа. Поголем процент од возилата се електрични и тоа впечатливо ја намалува сообраќајната бучава и загаденоста, која е сведена на минимум.

Ги посетивме кралскиот дворец, официјалната резиденција на норвешкото кралско семејство. Потоа ја посетивме „Oslo City Hall“ каде што секоја година на 10 Декември се доделува престижната Нобелова награда за мир, која се наоѓа покрај пристаништето, што е еден од поубавите делови на градот.

Традиција ни е да го посетиме „Хард Рок“ кафето во секој град каде што го има

Наша традиција е да го посетиме „Хард Рок“ кафето во секој град каде што го има, па така и овој пат го направивме тоа во Осло. Ресторанот се наоѓа во центарот на градот кај железничката станица. Вечерта беше резервирана за концертот на Ханс Цимер во „Јунити Арената“. Концертот беше невиден сценски и уметнички спектакл со многу учесници, музичари, солисти и танчери кои ги изведоа сите познати нумери од познатите филмски хитови: „Кралот лав“, „Гладијатор“, „Пиратите од Карибите“, „Дина“ („Песочната планета“) и многу други, на кои Ханс Цимер е композитор.

Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Како би ги коментирале цените, дали се навистина толку високи? Што ви беше најскапо, а што ве изненади дека не е толку скапо како што се зборува?

Цените во маркет се можеби само 20-30% повисоки од кај нас

Секако стандардот во Норвешка е највисок во Европа, па и во однос на другите Нордиски земји. Еден појадок од сендвич и кафе во пекара е околу 30 евра, што многу нè изненади. Но, цените во маркет се многу подостапни и можеби само 20-30 проценти повисоки од кај нас. Просечната плата е некаде околу 4.000 евра, но за високо платените професии таа е и до 8.000 евра и повеќе.

Што најмногу ве изненади кога станува збор за секојдневниот живот таму? Дали почувствувавте некоја културна разлика што навистина ви остави впечаток?

Секојдневниот живот е многу едноставен и мирен. Помалите градови како што се Сандефјорд, Ларвик, Ставерн, кои ги посетивме исто така се многу мирни со едноставни бараки и куќи во нордиски стил со дрвена фасада. Но и Осло, иако е најголем град во Норвешка, е мирен град во кој скоро и да нема метеж и бучава што се должи на тоа што 80-90 проценти од автомобилите се електрични.

Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Какви се Норвежаните како луѓе? Дали се навистина резервирани или се топли кога ќе ги запознаеш?

Луѓето се едноставни, мирни и љубезни со туристи

Луѓето се едноставни, мирни и љубезни со туристи. Но, секако има и многу дојденци кои работат и живеат таму, па имавме прилика да запознаеме и луѓе од Африка, од Еритреја, Конго, но и едно момче од Бразил, кои ги сретнавме во „Убер“ возилата што ги користевме за превоз во Осло.

Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Дали имавте некој посебен момент со сопругот што ќе го паметите од ова патување?

Еден од моментите што ќе го паметиме е посетата на Тромсо, град на крајниот север што е оддалечен два часа лет од Осло, се наоѓа над Арктичкиот круг и е познат како „Вратата на Арктикот”. Посетен е од многу туристи поради познатиот природен феномен - северна или поларна светлина „Аурора Бореалис“, што се случува во зима. Градот е опкружен со високи планини и е на Баренцово море што е дел од Арктичкиот океан и обезбедува пристап до фјордови и морски патишта што се важни за риболов, транспорт и туризам. Го посетивме и Поларниот музеј што е посветен на историјата на истражувањето на Арктикот. Исто така, со поставки со восочни фигури и препарирани животни, покажува како луѓето преживувале во екстремни услови, ловеле китови и фоки и учествувале во поларни експедиции.

Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Татјана Стојановска со сопругот Михаил во Осло
Дали би го препорачале Осло како дестинација и што би им порачале на оние што планираат да го посетат?

Препорака за Осло и за Норвешка воопшто, затоа што посетата на секое место е богатство што создава спомени.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Татјана Стојановска
Осло

Најнови

  • Ким Кардашијан и Луис Хамилтон

    Заљубени и неразделни: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се бакнуваа и уживаа во Малибу

    Wed, 04/22/2026 - 13:39
  • Дариа Стефановска

    Моминска забава: Дариа Стефановска во бел фустан го истакна трудничкото стомаче пред свадбата со Мандар

    Wed, 04/22/2026 - 12:29
  • Сара Јо и Дуња Јованиќ

    Шик Србинки во Париз: Сара Јо и Дуња Јованиќ на забавно женско патување

    Wed, 04/22/2026 - 11:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.