• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Многу изговори, а една реалност – „Не е до нив, до тебе е“

7 април 2024, 15:37
  • cподели

„Не вреди да гласаш“, „Нема ништо да се смени“, „Еден глас ништо не менува“, „Сѐ ќе биде исто“... И така до недоглед, може да се набројуваат изговори кои нѐ делат од иднината што ја посакуваме и која можеме сами да ја креираме, затоа не е до нив, до тебе е - гласај без изговори.

„Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност.

Бојан Кирковски, Александар Микиќ, Тања Кочовска, Емра Куртишова, Ненад Георгиевски, Филип Поповски, Стефан Лазаров, Александар Динев, Сара Мејс, Денис Абдула, Христијан Станковски - Бомбакис, Вера Јанковиќ, Сашо Шотаровски, Алмедина Исмаили, Бисера Чадловска, Христијан Бузалковски, Горан Миќиќ и Виктор Камнар ги тргнаа сите изговори на страна и се приклучија кон кампањата, со цел секој од нив да ја искористи моќта на гласот. Познатите, заедно со граѓаните ќе се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Не е до нив, до тебе е

Затоа што секогаш ќе наидете на некој што ќе ви каже „Твоето едно гласче на овие избори нема да промени ама баш ништо“, подготвена е видео приказна со силна порака која ќе биде најсилен демант на сите такви коментари. Одговорот е јасен и едноставен „Ќе гласам затоа што дефинитивно не е до нив, до мене е“.

Оваа моќна порака ќе патува низ повеќе градови во Македонија и ќе стигне до секој што има дури и најмал сомнеж дека неговиот глас нема да направи промена. Караванот „Не е до нив, до тебе е“ започнува на 08.04.2024, а првата станица ќе биде Градскиот парк во Струмица. Актерот Бојан Кирковски со својот стенд ап настап ќе го води караванот и низ Штип - Плоштад Слобода (09.04), Карпош - Антички театар (11.04), Аеродром - Парк Авионче (14.04), Велес - Градски парк (15.04), Ѓорче Петров – Парк (17.04), Куманово - Градски плоштад (18.04), Кочани - Градски плоштад (19.04), Центар – Школка, Градски парк (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04).

Не е до нив, до тебе е

Зачувајте ги датумите, одвојте време за одлична забава со диџеј Мац и урнебесна комедија со Бојан Кирковски и и ќе дознаете зошто не е до нив, туку е до вас, до нас.

Погледнете го целото видео:

Промотивен текст

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.