• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Младите зборуваат: Реализиран проектот „Прва уметничка бригада“

10 февруари 2026, 17:01
  • cподели

Преку проектот „Прва уметничка бригада“, младите од Битола и од руралните средини ги именуваат проблемите со кои живеат секојдневно – нефункционален јавен превоз, загаден воздух и масовно иселување на младите. Ова не се симболични теми и не е уметничка фикција. Ова се реални состојби што бараат реални одговори.

Во изминатите два месеци, учесниците поминаа низ интензивен процес на уметнички работилници со алатката Театар на слики, каде уметноста стана алатка за прашање и дејствување. Преку телото, сликата и зборот, тие ги отворија своите лични приказни и ги претворија во колективна порака: младите не сакаат да заминуваат – младите сакаат услови за достоинствен живот.

Кулминацијата на процесот беше циклусот јавни настани под наслов „Прва уметничка бригада во Февруарски поход“, реализиран од 2 до 5 февруари 2026 година на повеќе јавни локации во Битола, во СОЕУ Јане Сандански - Битола, во ОУ Кочо Рацин во с. Ивањевци и во ООУ Браќа Миладиновци во с. Добрушево. Преку перформативни поставки и презентации – „Билет за дома“, „Дозвола за дишење чист воздух“ и „Е па чао...“ – младите директно се обратија до своите врсници, граѓаните и носителите на одлуки кои ги препознаваат како соработници.

Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада

„Прва уметничка бригада“ не создава уметнички дела. Таа создава гласна, свесна и организирана генерација млади луѓе кои одбиваат да бидат статистика и одбиваат тивко да си заминат. Наместо тоа, тие избираат да останат, да зборуваат и да се борат за своето место тука. Кога младите ги именуваат проблемите, повеќе нема простор за игнорирање. Потребни се конкретни политики, мерки и акции.

Фондација Божиновски Битола во соработка со Центар за култура Битола и ЗГ Солак го реализира проектот Прва уметничка бригада.

Проектот е поддржан во рамки на проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

„Содржината/изразените мислења никогаш не може да се толкуваат како ставови на Владата на Швајцарија и Хартефакт Фонд."

„Проектот „Култура за развој“ го поддржува независниот културен сектор во Република Северна Македонија, користејќи ја културата и уметностите за поттикнување критичко размислување за општествените прашања важни за локалните заедници. Целта е да се стимулира поотворено и демократско општество преку јакнење на социјалната кохезија, демократските процеси и општествениот дијалог, како и преку охрабрување на соработката меѓу културните институции. Проектот „Култура за развој“ е поддржан од Владата на Швајцарија, а се имплементира од страна на Хратефакт Фонд од крајот на 2024 година до крајот на 2028 година.“

Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада
Прва уметничка бригада
Tags
Фондација Божиновски

Најнови

  • Прва уметничка бригада

    Младите зборуваат: Реализиран проектот „Прва уметничка бригада“

    Tue, 02/10/2026 - 17:01
  • dm

    Валентајн „starter pack“ од dm - мал сет за голема грижа и моменти за себе

    Tue, 02/10/2026 - 16:53
  • Макпетрол Бизнис Центар

    „Макпетрол“ инвестира во знаење и иднина - Отворен Бизнис центар за систематска едукација и развој на вработените

    Tue, 02/10/2026 - 16:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.