• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Младите музичарки Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска ќе настапат на престижниот фестивал „Златна лира“ во Скопје

17 октомври 2024, 09:10
  • cподели

Клавирското трио од Охрид, составено од Лина Николеска на виолина од класата на проф. Христина Пецакова Николеска, Антица Николоска на виолина од класата на проф. Мухамед Бајрам и Ана Кузманоска на пијано од класата на проф. Ана Ѓоргиоска, ќе настапат со сопствен концерт на престижниот музички фестивал „Златна лира“.

Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска

Правото на настап на овој реномиран фестивал, нашите млади музичари го добија на покана на Сојузот на музички уметници на Македонија, после освоената прва награда на годинашниот меѓународен натпревар „Охридски бисери“, што се одржа во црквата „Св.Софија“ во Охрид.

Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска

Концертот ќе се одржи во недела, 20-ти октомври со почеток во 20:00 часот, во Музејот на револуционерна борба во Скопје.

Фестивалот „Златна лира“ важи за престижен и реномиран фестивал на кој учество земаат исклучителни уметници, кои настапуваат со самостојни концерти. Во програмата за оваа година се вметнати врвни инструменталисти и оперски пеjачи, меѓу кои се и нашите млади и талентирани музичарки. Оваа привилегија да ја делат сцената со најголемите имиња од македонската класична музичка сцена, претставува голем успех и можност да се стекнат со огромно искуство, што ќе им користи во нивното понатaмошно музичко образование и кариера.

Лина Николеска, Антица Николоска и Ана Кузманоска

Ана, Лина и Антица годинава настапија и на меѓународниот фестивал Тартини во Пиран, Словенија, на кој освоија висока втора награда. Тие се вистински претставници на културно-музичкиот живот на Охрид и наши музички амбасадори низ светот.

Најнови

  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Селена Гомез и Бени Бланко

    Заљубен пар: Селена Гомез гламурозна во Шанел до сопругот Бени Бланко на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 13:20
  • „Дијамант“ – спотот за новата песна на Елвир Мекиќ снимен на Козјак

    Mon, 01/12/2026 - 12:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.