• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Младите имаат витална улога во надминувањето на енергетските предизвици

30 март 2023, 09:19
  • cподели

Младите европски амбасадори го изразија своето задоволство од потегот на Европската унија да ѝ додели неповратна финансиска помош во вредност од 80 милиони евра на Северна Македонија. Предвидено е овие средства, преку државниот буџет, да се искористат за полесно справување со ефектите од глобалната економска и енергетска криза. Инаку, платформата „Млади европски амбасадори“ е креативна мрежа на идни млади активисти од земјите од Западен Балкан, а нејзини членки се и активистките Шефкије А. Дика и Марија Бургиева.

ЕУ

Во контекст на слоганот „Енергијата нè поврзува“, под кој беше претставена финансиската поддршка од Европската унија, младата амбасадорка Шефкије А. Дика смета дека предизвиците на економски и енергетски план нè поврзуваaт сите во давањето на својот придонес за да ги надминеме колку што е можно побрзо и полесно. Според неа, улогата на младите е клучна на ова поле.

Шефкије А. Дика

„Кога станува збор за енергетската независност и побрзата енергетска транзиција во нашата земја, младите можат да играат витална улога. Сметам дека улогата на младите е многу важна во менувањето на навиките и начинот на живот, почнувајќи од транспортот, користењето материјали што можат да се рециклираат и подигнувањето на еколошката свест“, дополнува таа.

Предвидено е пакетот за финансиска помош во вредност од 80 милиони евра како поддршка во буџетот на Северна Македонија да им го олесни финансискиот товар на ранливите категории граѓани, малите и средните претпријатија, кои беа први на удар од енергетската криза. Младата европска амбасадорка Марија Бургиева ги поздрави ваквите најави за распределба на доделените средства во буџетот.

„Да бев креатор на енергетските политики во земјава, ќе се фокусирав на промовирање и инвестирање во обновливи извори на енергија, спроведување мерки за енергетска ефикасност и обезбедување на енергетски пристап за сите граѓани, особено оние во руралните средини и домаќинствата со ниски приходи. Нашата земја е една од ретките кои го имаат сонцето како ресурс околу 300 дена во годината, само треба паметно да го искористиме“, вели Марија.

Марија Бургиева

Двете млади амбасадорки сметаат дека земјава има огромен потенцијал да стане вистински „зелен енергетски хаб“. Преку континуираната поддршка што земјава ја добива од Европската унија во енергетската сфера, тие се согласни дека Северна Македонија треба да учи од искуствата на членките на Унијата и да инвестира во инфраструктура за обновливи извори на енергија, да воспостави политики и стимулации што промовираат зелена енергија и да ги поттикнува иновациите и претприемништвото во енергетскиот сектор.

ЕУ

Комерцијален текст

Најнови

  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Селена Гомез и Бени Бланко

    Заљубен пар: Селена Гомез гламурозна во Шанел до сопругот Бени Бланко на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 13:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.