• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Мишел Обама позираше во Белата куќа за „Вог“, зборуваше за последните денови како прва дама

13 ноември 2016, 15:20
  • cподели

Семејството Обама наскоро ќе ја напушти Белата куќа, отстапувајќи му го домот во кој живееше 8 години на семејството Трамп.

Списанието „Вог“ сними фотосесија со сегашната прва дама на САД токму во Белата куќа, каде славната сопруга на Барак Обама ги коментираше последните денови на моќната позиција.

Реномираната фотографка Ени Либовиц стоеше зад објективот додека 52-годишната Мишел позираше во креации од Версаче и Каролина Ерера.

Мишел Обама

Зборувајќи за недефинираната улога на прва дама, Мишел рече: „Сè што правиме е по наш избор. Можев осум години да не правам ништо и на одредено ниво, тоа ќе беше во ред. Можев да се фокусирам на цвеќиња. Можев да се фокусирам на декорирање. Можев да се фокусирам на забава. Зашто секоја прва дама, со право, може да ја дефинира својата улога. Немаш законодавна власт, ти не си избран. А тоа е прекрасен подарок на слобода.“

Мишел Обама

Барак сподели и свој коментар за својата сопруга: „Мишел не бараше да биде прва дама. Како и повеќето жени на политичари, таа улога ѝ беше наметната. Но, јас отсекогаш знаев дека таа ќе биде неверојатна како прва дама и дека ќе стави свој уникатен печат на таа работа. Тоа е така, бидејќи она што го гледате е токму тоа што таа е – брилијантна, забавна, дарежлива жена која, поради некоја причина, се согласи да се омажи за мене.“

„Луѓето гравитираат околу неа, бидејќи се гледаат себеси во неа – посветена мајка, добар пријател и некој кој одвреме-навреме не се плаши да се пошегува на своја сметка.“

Мишел Обама

За тоа дали ќе ѝ недостига животот во Белата куќа, Мишел изјави: „Знаете, има мали моменти... Гледајќи кон јужниот тревник и споменикот Вашингтон, кога тукушто имаше врнато дожд и тревата беше многу зелена и сè беше поживописно... Прекрасно е. И во тој момент си помислив дека ќе ми недостига да се будам со таа глетка и да имам пристап до неа кога и да посакам. Но, од друга страна... време е. Сметам дека нашата демократија е правилна: два мандати, осум години. Доволно е, зашто важно е едната нога да ти остане во реалноста кога имаш пристап до ваква моќ.“

Мишел Обама
Tags
Мишел Обама

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.