• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Министерката Јанева потврди: Парични казни за родителите на насилни ученици

15 мај 2026, 14:21
  • cподели

Се подготвуваат законски измени со цел да се стави крај на алармантниот тренд на врсничко насилство во училиштата. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека измените ќе предвидуваат директни санкции за родителите доколку нивното дете изврши насилство, но и доколку самите тие ги игнорираат повиците за соработка со училиштето и со останатите надлежни институции и одбијат да се вклучат во решавањето на проблемот.

Министерката Весна Јанева

Министерката појасни дека одлуката е донесена и дека во моментов активно се финализираат деталите околу законските решенија. Идејата е да се зголеми свеста и одговорноста кај семејствата преку воведување конкретни парични казни, со цел родителите поактивно да се вклучат во воспитниот процес на своите деца.

„Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува глобата од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно – и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции“ – изјави Јанева.

Реакцијата на институциите доаѓа по серијата немили настани кои силно ја вознемирија македонската јавност. Како последен аларм за итно дејствување кон создавање побезбедна училишна средина послужи неодамнешниот инцидент во основно училиште во населбата Ченто, каде што 15-годишен ученик претрпе повреди откако беше нападнат со остар предмет.

Врсничко насилство
Tags
врсничко насилство

Најнови

  • dm bring your best friend

    Два викенда, повеќе од 130 учеснички: dm bring your best friend ги обедини женското здравје и пријателството во Маврово

    Mon, 10/26/2026 - 14:55
  • Велина Стаменковиќ

    Прозборела со македонска песна, хуманоста ѝ е секојдневие: 16-годишната Велина од Врање го освојува Балканот со својот глас

    Mon, 10/26/2026 - 14:15
  • Таткото на Меган Маркл под истрага за детска порнографија, таа знаела и вели: Ги чував децата подалеку од него за да ги заштитам

    Mon, 10/26/2026 - 12:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.