• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Мини Трчај бе“: Над 500 дечиња трчаа на детската трка во Битола

13 јуни 2023, 11:42
  • cподели

„Секое дете кое ќе ја помине целта е победник“ и „Секое дете за нас е супер херој“ - вака гласеа пораките на кампањата која изминатиот месец ја водеа организаторите на трката „Трчај бе“.

Целта на оваа кампања беше да ги поттикне децата од најмала возраст да се заразат со вистински нешта и здрави навики и да ги убедат своите родители да ги пријават на првата детска трка во Битола. И тоа им успеа.

Над 500 деца го запоседнаа градското шеталиште во Градот на конзулите и ја истрчаа својата прва трка во животот. Голема публика навиваше, мотивирајќи ги малите шампиони да стигнат побрзо до целта, без откажување.

Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе

„Првото издание на Мини Трчај бе, сметаме дека означува мала пресвртница во животот на секое дете учесник, кое имаше шанса да се почувствува и како херој и како победник. Голема заслуга во тоа имаше бројната публика која со овации и аплаузи ги бодреше малите тркачи додека спринтаа до целта“ – изјави Никола Димитровски, основачот на Трчај бе.

Градскиот парк и популарното шеталиште беа совршено место за „Мини Трчај бе“, а организаторот со спонзорите имаа заедно организирано и бројни забавни активности и интерактивни катчиња кои создадоа дополнително енергична и празнична атмосфера.

Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе

„За да се обезбеди фер конкуренција и пријатно искуство за сите учесници, учесниците беа поделени во 9 различни категории врз основа на нивната возраст која беше од 4 до 14 години. Од најмладите кои ги направија своите први чекори до поискусните деца тркачи, така што секоја категорија ги покажа уникатните таленти и одлучноста на овие млади спортисти. Овој внимателен пристап им овозможи на децата да се натпреваруваат заедно со своите врсници и да го ослободат својот целосен потенцијал. На крај, беа поделени 54 награди за најбрзите по категории. Во оваа група деца, сме сигурни дека се идните шампиони на Атлетскиот клуб Олимп од Битола, кој има извонредна историја на рекорди и врвни атлетичари и ова е само уште еден начин да потврдиме дека сме град на атлетиката“ - истакнуваат организаторите.

Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе Мини Трчај бе

„Мини Трчај бе“ несомнено ќе стане традиционален настан. Радоста на лицата по минувањето на целта, првиот вистински медал за секој учесник, како и можноста децата од најмала возраст да го прифатат активниот начин на живот, да го откријат својот спортски потенцијал и да создадат незаборавни спомени со пријателите и семејството учествувајќи на една детска трка, се само доказ за моќта на спортот во поттикнувањето на чувството за заедница, промовирањето на физичката благосостојба и негувањето на следната генерација спортисти.

Tags
Мини Трчај бе
Трчај бе

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.