• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Милица Тодоровиќ доби дете со маж кој е во брак 19 години, неговата сопруга во шок: „Со децата поминуваме низ пекол“

6 февруари 2026, 12:03
  • cподели

Познатата српска пејачка Милица Тодоровиќ се породи на 3 февруари и на свет го донесе синот Богдан. Иако јавноста со денови шпекулираше за идентитетот на таткото, таа одби да открие детали. 

Скандалите се продлабочија кога во јавноста протекоа снимки од прославата по повод раѓањето на детето, на кои се појавува маж за кој се дозна дека е во брак веќе 19 години и има две деца.

Неговата сопруга со иницијали Љ.М. со скриен идентитет одлучи ексклузивно да проговори за овој скандал за Pink.rs, откривајќи шокантни детали за разговорот со Милица Тодоровиќ, односот со сопругот и пеколот низ кој поминува нејзиното семејство.

„Ние сме 19 години во брак и имаме два сина. Пред околу еден месец, тој ми соопшти дека очекува дете со Милица. Бев зачудена. Веднаш ја побарав Милица, се сретнавме пред нејзината зграда и таа ме покани горе во станот да разговараме. Таму беше и мојот сопруг.“

„Со неа разговарав убаво, со него не. Имав некои сомнежи, но ништо не гледав и не проверував ниту пораки, ниту ништо. Не знам што ѝ кажувал нејзе, јас со него живеам 19 години, имаме нормален брак, и навистина не знам што ѝ ветувал и што планирала таа. Ова е страшно.“ 

„Со моите деца поминуваме низ пекол“ – изјави таа.

Таа откри дека Милица ѝ признала дека со нејзиниот сопруг била во врска една година и дека чекала тие да се разведат.

„Милица ми кажа дека се во врска веќе една година и дека чека да се разведеме. Тој мене ми рече дека не сака да го напушти семејството. Не знам што ѝ вели неа. Милица само сака да се разведеме за тој да биде со нив. Не ни ме праша за нашите деца, тоа не ѝ е важно. Нејзе ѝ е најважно каков ни е односот и дали сме во брак, како функционираме, за моите деца не ме праша, не ја интересираат. Потоа веќе не ме контактираше. Јас неа не ја напаѓав, дури и ја заштитив…“ – раскажа таа.

Љ. М. нагласи дека нејзиниот сопруг и понатаму живее во нивниот семеен дом и одбива развод.

„Тој ми рече дека не сака да се разведе од мене и дека останува да живее во нашата куќа. Нема намера да ја напушти сопругата и децата. Знам дека тој нема да се разведе по 19 години брак. Јас сум со него цел живот, не знам како се споиле и како се случи тоа. Знам само дека имаат заеднички пријатели. Мене тој свет не ме интересира, јас сум нормална жена, вработена... Не ги познавам луѓето со кои се дружи“ – истакна таа.

Особено ја потресол фактот што сопругот присуствувал на прославата по повод раѓањето на детето, а потоа се вратил дома кај семејството.

„Отиде на таа прослава, се врати дома и легна да спие. Страшно, да не ви се верува. Јас сум емоционално скршена. Сакам развод, но тој не сака“ – изјави таа.

На крајот, откри и во каква состојба се наоѓа целото семејство.

„Бев кај лекар, веќе еден месец сум на силни лекови за смирување. Многу сум потресена, со моите деца многу страдаме. Морам да ги заштитам моите деца, тоа е прво и основно... Пијам силни лекови за смирување, како и мојот син од 18 години кој исто така е под огромен стрес. Тоа е сè што можам да кажам во моментов“ – заклучи таа за Pink.rs.

Tags
Милица Тодоровиќ

Најнови

  • Милица Тодоровиќ доби дете со маж кој е во брак 19 години, неговата сопруга во шок: „Со децата поминуваме низ пекол“

    Fri, 02/06/2026 - 12:03
  • Промотивни цени во Жан Митрев

    Вљубени и здрави: Подарете грижа за вас и за оние кои ги сакате

    Fri, 02/06/2026 - 11:38
  • Ник Џонас за ќеркичката Малти: Се роди предвреме од сурогат-мајка, тежеше 760 гр, ја интубираа, имаше 6 трансфузии на крв

    Fri, 02/06/2026 - 10:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.