• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Миланската недела на модата – колекции есен/зима 2013-2014

26 февруари 2013, 13:02
  • cподели

Милано ги донесе на сцената модните гиганти. Луксуз, драма и софистицираност спакувани во префинети креации ги држеа ококорени очите на модните критичари во текот на изминативе шест дена.

Пред модниот месец да го доживее своето финале во Париз, погледнете ги колекциите кои воодушевија во италијанската модна метропола.

Версаче

Донатела Верчасе изненади со бунтовничко шоу во ванк стил („в“ од Версаче и „анк“ од панк). „Не сакав да бидам буквална. Панкот беше последното движење кое навистина ги комбинираше музиката, стилот и однесувањето, па сакав да го пренесам тоа денес. Колекцијата е елегантна, гламурозна, но не е совршена, затоа што, знаете, жените не можат секогаш да бидат совршени“ – изјавила таа.

Тесни PVC панталони и јакни, крзно, претесни фустани, боцки, нитни... колекцијата зрачеше со бестрашност, агресија и опасност, што значи дека креациите ќе ги привлечат само храбрите експериментаторки.

Versace Versace
Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace Versace

Роберто Кавали

Инспирирајќи се од уметничките дела на врвни сликари како Караваџо и Рубенс, Кавали создаде серија од цветни и барокни принтови кои ги инкорпорира во новата колекција. Доследен на својот стил, познатиот дизајнер кај панталоните го зачува минималното „ѕвонесто“ проширување во долниот дел на ногавиците, а кај сакоата не ја заборави заостреноста на нарамениците.

Роберто Кавали никогаш не бил вљубеник во минимализмот, а новата колекција е уште еден доказ за неговата приврзаност кон вишокот и претерувањето.

Roberto Cavalli Roberto Cavalli
Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli Roberto Cavalli

Гучи

Мракот и еротизмот завладеаја на пистата на Гучи којашто минатата сезона доживеа експлозија од бои. Бремената дизајнерка Фрида Џанини презентира сексапилна колекција со тесни здолништа и нагласени нараменици. Употребата на стандардна и егзотична змиска кожа ја нагласија моќта на креациите.

„Жената Гучи заведува со својата опасна женственост. Таа е строга, но секси“ – вака Џанини го опишала доминантниот изглед.

Gucci Gucci
Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci Gucci

Долче и Габана

Доменико Долче и Стефано Габана ја обожаваат Сицилија и секогаш пронаоѓаат инспирација на овој остров. За најновата колекција, креаторското дуо се инспирира од златните мозаици во катедрала во сицилијанското гратче Монреале.

Црковниот стил ги дефинира палетата на бои (златна, црвена и сина) и модните додатоци кои ги надополнуваа креациите.

Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana
Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana Dolce&Gabbana

Џорџо Армани

Италијанскиот ветеран Џорџо Армани не се откажува од стилот „позајмено од машката облека“, инспириран од 20-тите години. 78-годишниот дизајнер повторно украде машки елементи, но им даде нежност за да има сигурно оружје за привлекување на женското око.

Развеани панталони, често од кадифе, и елегантни сакоа ја сочинува неговата понуда за дневна облека, додека вечерните креации се задржаа на поженствениот изглед. „Независна жена“ – накратко ја опишал Армани својата колекција.

Giorgio Armani Giorgio Armani
Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani Giorgio Armani

Емилио Пучи

Стилот на 60-тите имаше големо влијание на новата колекција на модната куќа Емилио Пучи. „Секогаш гледам на принтовите од архивите, а оваа колекција беше прослава во чест на девојката Пучи, беше за тоа да си среќен и да изгледаш добро и однатре и однадвор. Модата е лек, таа е за среќа“ – изјавил дизајнерот Питер Дандас.

Силуетите беа кратки – фустаните, здолништата, панталоните и туниките не ги надминаа колената, можеби со идејата да дојдат до израз ултра високите и тесни чизми.

Emilio Pucci Emilio Pucci
Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci Emilio Pucci
Tags
колекции есен зима 2013
Миланската недела на модата

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.