„Ми требаше ТАА, за да закрепнам, да се наспијам“: Хрватка за важноста на помошта од мајка ѝ по породувањето
Хрватка со кратко видео и емотивна порака отвори секогаш актуелна тема – дали по породувањето родителите треба сами да се снаоѓаат со бебето или да побараат помош од бабите?
Нина, која е фитнес тренер, го сподели своето позитивно искуство, нагласувајќи дека поддршката од мајка ѝ била од огромно значење, не само околу бебето и обврските во домот, туку и за нејзиното физичко и емоционално закрепнување.
Еве ја нејзината објава во целост:
Никогаш нема да го заборавам коментарот кој мајка ми го доби додека беше кај нас, само неколку дена по моето излегување од болница: „Ајде, што правиш тука! Остави ги децата сами да се снаоѓаат и да уживаат со бебето!“
Колку и да беше ангажиран мојот сопруг, искрено, ми требаше мајка ми. Таа која сето тоа го поминала, таа која знае што значи да родиш, таа која знае што значи да не можеш да седнеш, нормално да легнеш, да станеш, да се истушираш, да одиш во тоалет… Ми требаше ТАА.
Да ми помогне да закрепнам, да се наспијам, да се снајдам во мајчинството…
Мојата желба да биде со нас беше уште поголема затоа што мајка ми е медицинска сестра и освен што ѝ верувам како на мајка, ѝ верувам и како на некој кој се грижи за други, спасува човечки животи и реагира без страв и паника.
Голема среќа е да станеш мајка, но исто така голема среќа е да имаш мајка која може да биде сведок на тоа, која може да го земе своето внуче во прегратка и која може да ја сподели среќата, но и болката на својата ќерка.
Нека зборува кој што сака, но тебе ти благодарам, мамо!
Нејзината искреност предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од следбениците се согласија дека помошта од најблиските е непроценлива, други пак сметаат дека родителите најдобро се снаоѓаат сами.