• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ми рече ‘Те сакам’“: Градоначалникот Дарко Костовски сподели топол момент со колега со Даунов синдром

18 декември 2025, 11:36
  • cподели

Дарко Костовски раскажа за топол момент кој го имал со колега со Даунов синдром, кој го потсетил дека љубовта е суштината на животот.

Градоначалникот на Општина Бутел сподели фотографија со Марио направена во ходникот на нивното заедничко работно место и раскажа како една мала случка со него му одржала огромна лекција.

Дарко Костовски со Марио

Прочитајте:

Фотографијава ни е од денеска, а случката е од пред неколку дена.

Не сакав да ја споделувам, но посилна е од мене, сака да излезе.

Марио ми е колега. Го вработив во општината затоа што бев убеден дека ќе се пронајде во работата, ќе ужива во тоа што го прави, но и дека ќе внесе многу убава енергија меѓу колегите. Така и беше!

Често, кога се движам низ општинската зграда, го забележувам Марио кај копирот, како вредно копира материјали потребни за неговото одделение. Така и пред некој ден, го забележав Марио во ходникот кај копирот. Застанав, како и секогаш, и си помуабетивме на разни теми, омилена ни е темата спорт. По неколку минути се разделивме, а тој остана кај копирот, работејќи.

Се одалечив десетина метри и слушнав како ме довикува:
„Еј, Дарко!“
Се свртев и му реков: „Повели, Марио.“
Со смирен и срамежлив тон ми рече: „Те сакам.“
Секако, му вратив и јас: „И јас тебе.“

Тоа беше ретко чувство, чувство на љубов како кон најблиските. Ме збуни, ме замолчи и ме натера да се потсетам на суштината, на тоа што ако го немаме, немаме ништо, љубовта.

Фала ти, Марио, за сè!  

Во коментарите, Дарко доби бројни пофалби за вработувањето на Марио во општината. Многумина посочија дека љубовта на лицата со Даунов синдром е најчиста и најискрена, како и дека тие заслужуваат поголеми можности за вклучување во општественото живеење.

Tags
Дарко Костовски

Најнови

  • Онлајн обука на dm и Матрона

    Речиси 200 учеснички ја следеа онлајн обуката на dm и Матрона за безбедна и здрава дохрана за бебињата

    Tue, 03/03/2026 - 17:10
  • Панче Тошковски

    Тошковски: Има снимка дека сопругот ја удрил Ивана и на денот на трагедијата, многуте пријави за насилство биле повлекувани од жртвата

    Tue, 03/03/2026 - 14:56
  • „Насилството не е приватна работа. Тоа е рана на целото општество. Мора да се каже ДОСТА!": Дац против семејното насилство

    Tue, 03/03/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.