„Ми го скрати животот, имаше лоши Апгар оценки“: Бојана Скендеровски емотивна на роденденот на синот
Бојана Скендеровски си евоцираше спомени за моментот кога се роди нејзиното синче Ѓорѓи.
Македонската пејачка и водителка сподели емотивна објава на Instagram, во која објави фотографии и ги опиша првите моменти по неговото доаѓање на овој свет.
„Тој 14/07/2019 ми го скрати животот на еден час, имаше лоши Апгар оценки, докторката рече ќе го следиме во следните 120 минути, и сè уште свежо се сеќавам дека во ладната шок соба се препотував секоја минута од тие предолги 120…
А, тој за мене мало совршенство од суштество, се сеќавам и дека првата ноќ дома ја преспа, па ми дозволи и јас да одморам❤️
Е, од тогаш навака не се променија многу работите 🤣 уште ми го скратува животот од време на време, ама вреди зошто го сакам повеќе од себе… Мојот Ѓорѓи денес полни 7 години❤️ Жив и здрав мајкин!“ - стои во објавата.
Бојана и нејзиниот сопруг имаат и ќеркичка, која се вика Искра.
Во интервју за Фемина, Бојана изјави дека најважни моменти ѝ се оние кога стана мајка.
„Тоа се најважните моменти во мојот живот, кога сѐ се менува, ништо повеќе нема да е исто, најемотивните моменти кога стануваш и најсилна и најранлива…
Бев баш расположена трудница, имав огромен стомак 😂 и возев до деветтиот месец, јадев по неколку сладоледи на ден, немав тегоби…“ - призна таа.