• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Велигден го славиме кај моите родители, а ручекот секогаш е со јагнешко“: Бојана Скендеровски за празниците и мајчинството

12 април 2026, 07:30
  • cподели
Бојана Скендеровски со семејството

„Јас сум полицаецот дома, а тато е тој што разгалува“, низ смеа признава Бојана Скендеровски кога станува збор за воспитувањето на двете деца, Искра и Ѓорѓи. Со познатата македонска пејачка разговаравме за мајчинството, за родителските стравови и радости, како и за семејните традиции.

Токму за денешниот голем празник Велигден, 42-годишната музичарка за Фемина сподели и како прославуваат во кругот на семејството и кои обичаи ги негуваат.

Бојана Скендеровски со семејството
Дали се сеќавате на моментот кога за станавте мајка? Што се промени од тој миг за вас како личност?

Тоа се најважните моменти во мојот живот, кога сѐ се менува, ништо повеќе нема да е исто, најемотивните моменти кога стануваш и најсилна и најранлива…

Дали можеби се сеќавате на некоја анегдота или необичен момент од бременостите? Каква трудница бевте?

Бев баш расположена трудница, имав огромен стомак 😂 и возев до деветтиот месец, јадев по неколку сладоледи на ден, немав тегоби…

Како е да се расте ќерка, а како син – кои се најголемите разлики што ги чувствувате?

Многу различно, тоа се две различни психологии. Ѓорѓи и Искра се различни карактери, девојчињата се понапредни и посамостојни, Ѓорѓи е помал и сака малку повеќе внимание, не може без друштво, што и да прави.

Децата на Бојана Скендеровски
На кого повеќе личат децата и какви се карактерно? Имаат ли талент за музика?

Мислам дека и двајцата се талентирани за музика. Искра веќе е во музичкото училиште „Илија Николовски Луј”, Ѓорѓи сѐ уште не сака како момче да признае дека треба и тој да се запише, но ќе го чекам трпеливо, не ги форсирам. Сакам самите да се пронајдат, иако дома се пее и се игра.

Која е најважната вредност што сакате да им ја пренесете на вашите деца?

Се трудам да ги воспитам во добри и праведни личности, да имаат емпатија кон светот околу себе, да бидат праведни и амбициозни.

Кој е вашиот најголем страв како мајка?

Како мајка секогаш имате милион стравови, од најбаналните - дали се доволно облечени, нахранети и сл., до тоа каква ќе биде нивната иднина, дали ќе биде сѐ во ред… мајката е за тоа.

Бојана Скендеровски со семејството
Бојана Скендеровски со семејството
Дали сте построг или попопустлив родител? Кој од вас двајцата е „полицаецот“ дома?

Јас сум полицаецот дома 😀 и таа којашто бара ред и дисциплина, а тато разгалува. Но, колку и да сум лута, брзо ми поминува и се завршува со гушкање.

Бојана Скендеровски со семејството
Кој е најсмешниот или најнеочекуван момент што ви го приредиле децата?

Многу често има моменти за изненадувања, ми подаруваат цвеќиња кои тато ги купил, цртаат цртежи со посвета и слично.

Како вашето семејство го прославува Велигден? Кои традиции секогаш ги почитувате за време на празникот?

Традиционално се собираме во домот на моите родители, децата се радуваат на велигденските јајца, се бира шампион во кршење, ручекот е со традиционалното јагнешко, си разменуваме подароци и уживаме.

Бојана Скендеровски со семејството
Дали децата учествуваат во подготовките како бојадисување јајца и подготовка на трпеза?

Да, и многу се возбудени, имаат многу идеи, креативни се и навистина се радуваат на тој чин. Секоја година создаваме различни цртежи и техники.

Дали одите во црква и дали можеби постите?

Одиме во црква во недела, а оваа година не постиме.

Ваша велигденска порака ?

Велигден, денот кој нè учи дека и невозможното е возможно, ако се верува во него. Сакајте за да бидете сакани…🙏🏻

Бојана Скендеровски со семејството
Бојана Скендеровски со семејството
Бојана Скендеровски со семејството

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Бојана Скендеровски

Најнови

  • Бојана Скендеровски со семејството

    „Велигден го славиме кај моите родители, а ручекот секогаш е со јагнешко“: Бојана Скендеровски за празниците и мајчинството

    Sun, 04/12/2026 - 07:30
  • Викторија Лоба

    Викторија Лоба го испроба виралниот тренд со масло за елегантни велигденски јајца

    Thu, 04/09/2026 - 19:20
  • dm рутини за нега на лице

    dm и козметологот Лепосава Анѓеловски откриваат рутини за нега на комбинирана, масна и сува кожа со Balea и alverde производи

    Thu, 04/09/2026 - 14:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.