• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Хороскоп

Месечен хороскоп – МАРТ, 2025

1 март 2025, 09:45
  • cподели

Започнува сезона на ретроградни движења и еклипси. Март носи динамична астролошка сценографија, исполнета со огнена енергија, ретроградни пресврти и судбоносни промени.

Со ретроградното патување на Венера и Меркур, ова е време за љубовни преиспитувања, враќање на недовршени разговори и бивши љубовници и анализирање на стари емоции.

Полната месечина во девица на 14 март, заедно со тоталната лунарна еклипса, ќе осветли области во нашиот живот каде што е потребна јасност и трансформација. Сонцето ќе влезе во овен на 20 март, означувајќи ја астролошката нова година и носејќи свежа енергија што ќе нè поттикне да преземеме храбри чекори. Младата месечина и делумната соларна еклипса на 29 март ќе донесат моќни нови почетоци, но под сенката на ретроградниот Меркур, ќе биде важно да се движиме внимателно и да размислуваме пред да носиме конечни одлуки.

Со влегувањето на Нептун во овен на 30 март, започнува целосно нова ера на соништа, инспирација и визионерство.

Овој месец ќе биде бурен, но истовремено и можност за длабока лична трансформација. Подгответе се за неизбежните пресврти, но и за моментите што ќе ве поттикнат да го следите срцето како никогаш досега.

Најсреќни ќе бидат РИБИТЕ, но и ОВНИТЕ ќе бидат солидно наградени од небесните тела.

Датум Случување
2 март♀ Венера преминува во ретроградно движење во овен
3 март☿ Меркур влегува во овен
14 март☽ Настапува полна месечина во девица
15 март☿ Меркур преминува во ретроградно движење во овен
20 март☉ Сонцето влегува во овен
27 март♀ Венера со ретроградно движење влегува во риби
29 март☽ Настапува млада месечина во овен
30 март☿ Меркур со ретроградно движење влегува во риби
30 март♆ Нептун влегува во овен

Табела: најважните датуми за месец февруари и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

овен бик близнаци рак лав девица вага шкорпија стрелец јарец водолија риби

Најнови

  • Симона Салтирова

    „Soft glam“ е апсолутен хит: Мејкап артистката Симона Салтирова ни ги открива најактуелните трендови кај матурантките

    Wed, 05/13/2026 - 21:00
  • Леон во Острог

    „Ти благодарам што го чуваш“: Амела со благодарност до Св. Василиј Острошки откако Леон прозборе по нејзина посета на Острог

    Wed, 05/13/2026 - 18:30
  • Бести

    Бести доаѓа со серијал што руши табуа: dm продолжува со едукација и поддршка на младите девојки

    Wed, 05/13/2026 - 14:37
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.