Вчера беше посебен ден во семејството на Жарко Димитриоски.
Сопругата на познатиот водител од емисијата „Еден на еден“, откри дека навршиле 40 дена од раѓањето на нивната втора ќерка.
Ивана за првпат објави фотографија од лиценцето на преслатката Саша и напиша „40 дена бубишко“. Бебенцето беше облечено во бел скафандер со цветови и мирно спиеше во својата количка.
Среќната мајка сподели и заеднички кадар од четиричленото семејство во лифт, како и од поголемата ќерка Ника, дотерана во карирано фустанче.