Меколи Калкин со хумористична фотографија реагираше на веста дека Дизни ќе снима римејк на „Сам дома“
Откако Дизни најави дека ќе снима римејк на комедијата „Сам дома“, Меколи Калкин реагираше на социјалните мрежи.
38-годишниот актер, кој го глумеше итрото дете во популарните филмови, објави фотографија на која седи на кауч со чинија во рацете и лаптоп во скутот.
„Вака всушност ќе изгледа апдејтиран Сам Дома“ - напиша тој, на голема радост на неговите фанови.
This is what an updated Home Alone would actually look like. pic.twitter.com/sGj86933LA
— Macaulay Culkin (@IncredibleCulk) August 7, 2019
Многумина изразија незадоволство од стремежот на Дизни да пресоздава филмови како „Сам дома“ и „Ноќ во музејот“ за платформата Дизни+, а не се малку и шегите кои произлегоа од ваквата најава.
— LNVF (@LoneNutVolFan) August 7, 2019
Калкин беше најактивен во Холивуд во детството. Сега е посветен на неговиот сатиричен вебсајт за поп култура Bunny Ears.
