• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Меѓународен ден на жената: Подобра заштита на жените и децата од родово базирано и семејно насилство

8 март 2026, 09:07
  • cподели
8 Март

Денес во светот се одбележува 8 Март, Меѓународниот ден на жената под мотото „Права. Правда. Акција за сите жени и девојчиња“.

Семејството на Обединетите нации кај нас им се придружува на жените, девојчињата, семејствата и заедниците низ земјата – и светот – во повик за иднина каде секоја жена и секое дете ги уживаат своите целосни права, еднаква правда и живот без насилство, дискриминација и страв:

Годинешното одбележување се случува во сенка на трагичен настан во кој уште два животи беа изгубени како последица на семејно насилство. Оваа трагедија е болен потсетник дека родово базираното и семејното насилство и понатаму остануваат една од најраспространетите и најразорни форми на насилство што ги погодуваат жените и децата.

Иако е очигледен напредокот на земјата во усогласувањето на законодавството со Истанбулската конвенција, Конвенцијата за правата на детето и Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот за насилство и вознемирување (2019, бр. 190), трагедии како оваа нè потсетуваат дека правните обврски мора да се преточат во реална заштита. Доказите покажуваат дека 45% од жените во Северна Македонија доживеале насилство од интимен партнер, додека пријавувањето останува исклучително ниско – само околу 2% од жените кои преживеале насилство пријавиле во полиција.

Насилството во домот не е приватна работа – тоа е сериозно кршење на човековите права. Кога жената не е безбедна, ниту децата не се безбедни. Децата што сведочат или доживуваат насилство се соочуваат со доживотни последици врз нивната благосостојба, развој и емоционална сигурност.

Кога станува збор за заштита на жените и децата од родово базирано и семејно насилство, времето е од суштинско значење. Секое одложување на постапувањето по пријавите ги става жените и децата во поголем ризик и ја поткопува довербата во системите за заштита. Во премногу случаи постапките се одложуваат, а жртвите се враќаат во средини каде насилството се случило, што ја нагласува итната потреба од ефективна и навремена интервенција. Системите за заштита мора да обезбедат сите жени и деца да можат безбедно да пристапат до поддршка, вклучително и оние кои се соочуваат со дополнителни бариери поради преселба, правен статус или зголемена ранливост.

На овој Меѓународен ден на жената, темата „Права. Правда. Акција за сите жени и девојчиња“  нè повикува сите нас – владите, институциите, заедниците, работодавачите, соседите и семејствата – да дадеме поддршка, внимание, ресурси и дејствување за жените и децата да добијат безбедност, достоинство, правда и надеж. Кога станува збор за родово базирано и семејно насилство, ова значи:

  • Да се обезбеди одговорност, да добиеме правда: Системите мора да реагираат брзо и ефикасно на секоја пријава, со што ќе се обезбеди жените и децата да имаат доверба дека службите за заштита ќе соодветно постапат.
  • Да посветиме внимание, да добиеме рана превенција: Раното препознавање на ризиците преку училиштата, здравствените центри, социјалните служби, полицијата и заедниците може да спречи штета пред да ескалира случајот.
  • Да дадеме заштита, да добиеме безбедност: На жените и децата им се потребни безбедни засолништа за итно сместување, но потребни се поголеми напори насочени кон отстранување на сторителите, нивно повикување на одговорност и работа со нив за спречување идни случаи. Жените и децата исто така имаат потреба од услуги за поддршка, правна помош и навремен институционален одговор.
  • Да се инвестира, да добиеме посилни услуги: Добро финансирани и зајакнати социјални служби се клучни - со стручен кадар кој е обучен, опремен и поддржан да ги штити жените и децата.
  • Да дадеме поддршка, да добиеме посилни семејства и заедници: Програми за позитивно родителство, родова еднаквост и ненасилни односи менуваат норми и долгорочно го намалуваат насилството.
  • Да охрабриме, да добиеме општествена промена: Солидарноста во заедницата, јавното осудување на насилството и застапувањето за безбедноста на жените ја менуваат културата и спречуваат злоупотреба.
  • Да креираме ресторативни програми, да добиеме трајна промена: Одговорноста на сторителите мора да оди рака под рака со програми за промена на однесување, управување со гнев и едукација за родово базирано насилство.
  • Да дадеме еднакви можности, да добиеме просперитетна економија: Економското зајакнување на жените и пристапот до квалитетна работа, домување и услуги за грижа се конкретни инвестиции за стабилни услови и идни генерации.
  • Да создадеме  еднаквост во општествените нормите, да добиеме почит и безбедност: Справувањето со родовите стереотипи и штетните општествени норми е клучно за спречување на насилството. Преку образование, медиуми и вклучување на заедницата, општествата можат да промовираат еднаквост, да се спротистават на дискриминацијата и да градат односи засновани на почит и заедничка одговорност.
Tags
8 март
8 Март 2026

Најнови

  • 8 Март

    Меѓународен ден на жената: Подобра заштита на жените и децата од родово базирано и семејно насилство

    Sun, 03/08/2026 - 09:07
  • Миланова игра

    Последната желба на Милан Завков оживува на концертот „Миланова игра“ на 27 март во Филхармонија

    Sat, 03/07/2026 - 20:13
  • Наташа Андонова

    Најдобрата македонска голгетерка Наташа Андонова за фудбалот: „Имаше коментари ‘Ова не е за девојчиња’“

    Sat, 03/07/2026 - 17:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.