• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Меган Фокс остро возврати на обвинувањата дека ги форсира синовите да носат облека за девојчиња

14 јуни 2023, 09:15
  • cподели

Меган Фокс не остана рамнодушна на обвинувањата дека ги принудува нејзините синови да носат облека за девојчиња. Холивудската ѕвезда возврати на објавата на политичарот Роби Старбак во која беше наведено дека таа ги форсира дечињата да се облекуваат „женски“.

Старбак на Twitter напиша: „Ова се синовите на Меган Фокс. Порано живеевме во исто соседство и децата играа во паркот. Видов две од нив додека беа силно растревожени и велеа дека се принудени од мајка им да носат облека за девојчиња, а нивната дадилка се обидуваше да ги утеши. Тоа е вистинска злоупотреба. Молете се за нив.“

Фокс Фокс Фокс

Фокс набрзо ги негираше неговите тврдења и сподели:

„Навистина не сакам да ти го дадам ова внимание, зашто очигледно си гладен за слава. Но, да те подучам нешто...“

„Без оглед на тоа колку очаен си станал за да придобиеш богатство, моќ, успех или слава, никогаш не искористувај деца. Експлоатирањето на идентитетот на моите деца за да свртиш внимание кон твојата политичка кампања те стави на погрешната страна на универзумот. Многупати сум била спалена на клада од несигурни, нарцистични, импотентни мали мажиња како тебе и сепак сум тука. Си поигра со погрешната вештерка“ – дополни таа.

Фокс

Меган, која е верена со Машин Ган Кели, има три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин - Ноа, Боди и Џурни.

Tags
Меган Фокс

Најнови

  • Ѕвезда со големо срце: Јаков Јозиновиќ изненади мала обожавателка со спинална мускулна атрофија, средбата топи срца

    Fri, 06/12/2026 - 20:00
  • Свадба

    На која возраст Македонците стапуваат во брак и кој месец е апсолутен хит за свадби?

    Fri, 06/12/2026 - 14:10
  • Тони Зен

    „Од Аеродром со љубов“: Тони Зен со емотивна урбана химна за неговото маало

    Fri, 06/12/2026 - 12:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.