• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Мажите сакаат насмеани жени, а жените сакаат горди „лоши“ мажи

25 мај 2011, 11:50
  • cподели

Ако сакате да бидете сексуално привлечни за посилниот пол, тогаш не ја симнувајте насмевката од вашето лице. Но, овој совет не треба да го прифаќаат мажите, бидејќи според најновите сознанија на научниците, среќните насмеани мажи им се помалку привлечни на жените.

Ново канадско истражување уште еднаш потврди дека женската насмевка ги освојува мажите, но откри дека насмевката не им помага на мажите да ги освојат симпатиите на понежниот пол. Водејќи се од резултатите на нивното истражување, научниците тврдат дека жените повеќе се привлечени од горди мажи.

Насмеана женаЖенската насмевка ги освојува мажите

Со цел да откријат како емоциите влијаат врз сексуалната привлечност, научниците побарале од над 1000 доброволци да ја оценат привлечноста на околу 100 лица преку фотографии. На фотографиите биле прикажани мажи и жени кои изразуваат среќа (широка насмевка), гордост (крената глава, истакнати гради напред), срам (наведната глава, спуштен поглед) или неутралност.

Во сите случаи, мажите ги оцениле како најпривлечни жените кои се среќни и кои се смеат. Од друга страна, жените како најпривлечни ги оцениле гордите мажи.

„Насмеаните жени апсолутно се многу привлечни. Насмевката беше најпривлечниот израз на лицето што жените го покажаа“ – изјавила Џесика Трејси, психолог и раководител на истражувањето.

Истражувачите признале дека не се сигурни зошто мажите и жените реагираат различно на насмевката. Една од нивните претпоставки е дека мажите што се смеат се помалку привлечни затоа што изгледаат поженствено и поочајни за секс. Исто така, се смета дека мажите кои се смеат изгледаат помалку доминантно од намуртените мажи, а општо прифатено е дека жените сакаат доминантни мажи.

Трејси и нејзините студенти изјавиле дека жените по принцип сакаат горди мажи затоа што гордоста е показател за статус и способност. Резултатите од експериментите покажале дека мажите не ги сметаат за сексуално привлечни гордите жени.

Што се однесува до емоцијата срам, и мажите и жените ги оцениле како привлечни претставниците на спротивниот пол кои изгледале засрамени. Научниците веруваат дека тоа е така затоа што срамот се асоцира со свест за пристојно однесување и социјални норми.

„Жените отсекогаш го сметале за привлечно лошото момче кое чувствува срам. Тој е лошо момче, но сака да се промени“ – додала Трејси.

Сепак, научниците напомнуваат дека овие заклучоци се однесуваат на првичната сексуална привлечност и на мажите кои бараат долга врска им препорачуваат да ја користат насмевката за освојување на посакуваната. „Кога луѓето сакаат долга врска, тие земаат во предвид многу повеќе нешта отколку само сексуалната привлечност. Во таков случај, многу е важно колку е мила и добра една личност“ – објаснила Џесика.

Tags
мажи-жени
насмевка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.