• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Мажите ги убиваат романтиката и кавалерството

20 април 2011, 15:39
  • cподели

Кога беше последниот пат кога добивте неочекуван подарок од вашиот сакан или пак роза без повод? Ако вашиот партнер ви приредил такво мало изненадување во последната година, треба да сте среќни, затоа што до себе имате еден од малкуте романтичари.

Истражување на британска осигурителна компанија покажало дека 55% од жените немаат добиено неочекуван подарок од нивниот партнер подолго од 1 година, а 19% од жените се откажале од чекањето „тој“ да им подари цвеќе и започнале да си купуваат сами.

Маж и жена

Резултатите укажуваат на тоа дека мажите сè поретко се обидуваат да ги воодушеват своите партнерки со романтични гестови, а најмалку се трудат младите. Секој 10-ти маж на возраст под 25 години ѝ подарил на својата партнерка подарок што некој друг му го подарил нему, а 18% од мажите дo 25 години некогаш ѝ подариле на својата сакана нешто што го добиле бесплатно.

Дури 72% од младите мажи признале дека ретко или воопшто не ѝ купуваат цвеќиња на својата партнерка.

Ова истражување, во кое учествувале 1176 мажи и жени, уште еднаш потврдило дека мажите не мислат толку многу на специјалните денови во врската. 62% од мажите под 25 години признале дека не знаат на која дата слават годишнина од врската. Повозрасните мажи се нешто подобри (најверојатно затоа што многупати прославиле/заборавиле годишнина). Така, 66% од мажите над 55 години добро знаат кога е нивната годишнина.

За разлика од минатото, денес сè повеќе жени плаќаат кога ќе излезат на прв состанок.

Кога станува збор за избор на подарок за специјална пригода, жените го планираат подарокот 24 дена, а мажите – 16. Третина од мажите признале дека започнале да мислат за подарокот само еден ден пред да го подарат.

„Мажите можат да учат многу за кавалерството од своите татковци и дедовци“ – изјавил претставник на компанијата.

Tags
кавалерство
романтика

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.