• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Маж ослабе 31 килограм и сега на интернет е споредуван со Дизни принц

10 мај 2018, 09:48
  • cподели

Џефри Кендал стана интернет сензација откако ја намали својата тежина за 31 килограм. По трансформацијата тој објави фотографии од новиот изглед, а многумина го споредија со Дизни принц. Сега неговата цел е да стане модел и актер.

Џефри Кендал Џефри Кендал

Целиот свој живот, 26-годишниот Американец имал проблеми со тежината, а страдал и од депресија и ниска самодоверба. Дополнително, тој бил принуден да се грижи за својата болна мајка откако таа добила повреда на мозокот.

„Таа беше во кома и на рехабилитација во болница седум месеци пред да биде испратена дома поради прекин на здравственото осигурување. Првиот ден кога се врати дома, не ме препозна. Тоа беше многу емотивен период за мене. Кога ја гледав како зјапа во мене без оној копнеж на мајка, срцето ми се кинеше. Тоа ми донесе болка и самосожалување“ – пишува тој.

Џефри Кендал Џефри Кендал Џефри Кендал Џефри Кендал Џефри Кендал

Грижливиот младич започнал да вежба заедно со свој пријател за да го мотивира да се врати во форма по неговото раскинување со девојката. Како што слабеел, така неговата мајка сè повеќе го препознавала, што го мотивирало да продолжи да тренира и да се храни здраво.

„Како што ја намалував тежината, таа започна да ме препознава повеќе и повеќе и многу сум благодарен што повторно ја видов таа искра во нејзините очи. Среќата ми се зголеми, како и самодовербата. Започнав да вежбам јога и да тренирам речиси секој ден“ – објаснил тој.

Џефри Кендал Џефри Кендал Џефри Кендал Џефри Кендал

За да си ја зголеми самодовербата уште повеќе, Џефри започнал да објавува фотографии од својот напредок на социјалните мрежи и бил преплавен со позитивност. Бројни беа коментарите во кои тој е споредуван со човечка верзија на Ѕверот од „Убавицата и Ѕверот“.

„Бев избезумен од позитивноста. Тоа направи да сакам да се грижам за себе уште повеќе, да вложам повеќе енергија во себеси. Коментарите беа инспиративни. Многумина ме нарекуваа вистински Дизни принц, што ми беше најголем комплимент“ – вели тој за огромната поддршка на социјалните мрежи.

Џефри Кендал Џефри Кендал Џефри Кендал Џефри Кендал

„Тоа што сум дома за да ѝ помагам на мајка ми исто така ме мотивира. Таа е најсилната личност што ја познавам и постојано ме тера да го ценам животот. На крајот од денот, само сакам да ја направам горда. Сега сум 31 килограм полесен и го ценам секој здив. Ја користам љубовта и поддршката од сите околу мене за да продолжам да се стремам кон мојата ултимативна цел во животот“ – додава инспиративниот маж.

Џефри Кендал Џефри Кендал Џефри Кендал

A post shared by Jeffrey S Kendall (@jeffk8991) on Mar 2, 2018 at 10:32pm PST

A post shared by Jeffrey S Kendall (@jeffk8991) on Mar 1, 2018 at 9:59pm PST

Tags
трансформација со слабеење

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.