• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Маж ѝ подари бубрег на својата девојка за Св. Валентин

16 февруари 2012, 21:32
  • cподели
Латриша и ТериЛатриша и Тери

Многу мажи за Св. Валентин се наоружаа со цвеќиња, бонбони и накит за да ги изненадат своите сакани. Но, еден маж од Чикаго ги стави во сенка сите тие подароци. Тери Ли го прослави Св. Валентин в болница за да може да ѝ го подари на својата девојка идеалниот подарок – неговиот бубрег.

32-годишниот Американец решил да го донира својот бубрег за да ѝ помогне на својата девојка Латриша Беквит да може да има нормален живот.

Само 4 месеци откако ја започнале врската, на Латриша ѝ бил дијагностициран лупус, автоимуно заболување. Нејзините бубрези не функционирале и докторите ѝ кажале дека ѝ е потребна трансплантација.

Сите од семејството на Латриша биле тргнати од списокот на евентуални донори бидејќи страдале од висок крвен притисок. Латриша не ни помислувала дека Тери може да биде нејзин донор. Таа си мислела дека никој не би сакал да има девојка која е на дијализа и која ја изгубила косата. Но, не била во право.

Тери се тестирал и резултатите покажале дека тој е совршениот кандидат за донор.

„Не ми е потребен дијамант или цвеќиња или бонбони. Си добив бубрег“ – изјавила среќната Латриша.

Латриша и Тери

Иако Тери и Латриша биле во врска само 4 месеци, тој вели дека не му било потребно многу време за да донесе одлука да донира еден бубрег.

„Донесувањето на одлуката беше лесно. Се грижам за неа, ја сакам, сакам да има нормален живот“ – изјавил Ли.

Заљубениот пар во наредните две недели ќе закрепнува од операциите, а потоа, Латриша вели дека Тери не треба никогаш повеќе да ѝ дава подарок за празникот на вљубените.

Tags
Св. Валентин

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.