• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Матурска шминка која трае цела вечер: Милена Косиќ открива совршен изглед со производи од dm

12 мај 2026, 16:54
  • cподели
dm туторијал за матурска шминка

Матурската вечер е еден од најважните моменти за секој матурант, а изборот на шминка треба да биде внимателно усогласен со личниот стил, облеката и потребата изгледот да остане свеж, уреден и постојан во текот на целата вечер. Професионалната шминкерка Милена Косиќ предлага елегантен матурски изглед со акцент на негувана кожа, дефинирани очи, суптилен сјај и долготраен финиш користејќи производи достапни во dm продавниците по секогаш поволни цени. Станува збор за внимателно избрани производи кои ја поддржуваат целината на изгледот - од подготовка на кожата и изедначување на тенот, до нагласување на очите и завршен ефект на усните.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Милена Косиќ (@kosichstudio)

Во фокусот на овој изглед е Bourjois Paris Rose Glamour палетата сенки за очи, која овозможува создавање на свечен, но мек и софистициран изглед. Палетата содржи осум разновидни нијанси со повеќе завршници, кои овозможуваат лесно градење на изгледот – од нежна „nude“ основа до понагласен вечерен ефект. Сенките имаат баршунеста кремасто-пудреста текстура, лесно се нанесуваат и блендаат, а комбинацијата од нијанси овозможува природна градација, дефиниран поглед и суптилен свечен сјај. Формулата е наменета за долготрајно носење, што ја прави соодветен избор за матурска вечер.

За дополнително истакнување на очите, Милена ги користи Aura 3D Power Lashes вештачките трепки. Тие имаат двоен 3D слој кој придонесува за поголем волумен, додека меките и лесни влакненца овозможуваат ефект кој е впечатлив, но природен. Должината може да се приспособи според формата на окото и посакуваниот интензитет, што ги прави соодветни за матурски изглед кој треба да изгледа убаво и во живо и на фотографии.

За подготовка на кожата се користи Hada Labo Premium Lotion Intense 7xHA Super Deep Hydrator, хидратантен лосион без мирис, со седум типа хијалуронска киселина и уреа. Производот ја хидрира кожата и ја подготвува за нанесување пудра, што е особено важно за свечен изглед кој треба да остане свеж и рамномерен повеќе часови. Добрата подготовка на кожата придонесува шминката да изгледа поприродно и поуредно во текот на вечерта.

За изедначен и свеж тен, Милена ја користи Maybelline New York Lifter Plump & Glow пудрата. Формулата ја комбинира улогата на шминка и нега, со 2% ниацинамид и хијалуронска киселина. Текстурата е лесна, со „glow“ ефект, а производот е соодветен избор кога се посакува рамномерен, негуван и свеж изглед на тенот, без тежок финиш.

За усните се користи Bourjois Paris Rouge Velvet карминот, кој има прецизна форма за нанесување и формула која не ги суши усните. Розово-неутралната нијанса се вклопува со остатокот од изгледот и го надополнува фокусот на очите. Карминот дава уреден, елегантен и долготраен ефект, соодветен за свечена вечер како матура.

Со препораките на Милена Косиќ и производите достапни во dm, матурскиот изглед се гради како комбинација од негувана кожа, дефиниран поглед и елегантен финиш. Резултатот е свечена, но ненаметлива шминка која ја истакнува природната убавина и е соодветна за вечер исполнета со фотографии, прослава и важни моменти.
 

Tags
dm
Милена Косиќ

Најнови

  • Сиена Милер на 44 години го доби третото дете со 16 години помладиот партнер: „Лудо сум заљубена“

    Tue, 05/12/2026 - 22:20
  • Живко Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“

    Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „'Алкалоид' е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

    Tue, 05/12/2026 - 17:04
  • dm туторијал за матурска шминка

    Матурска шминка која трае цела вечер: Милена Косиќ открива совршен изглед со производи од dm

    Tue, 05/12/2026 - 16:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.