Математичкиот генијалец Македон наполни 12 години, гордите родители му подарија телескоп
Македон Димитровски го прослави својот 12. роденден.
Родителите на математичкиот генијалец од Тетово, објавија фотографии од роденденската забава во игротека, како и емотивна честитка за надарениот син.
Пред 12 години се роди едно мало бебе… 👶❤️
Бебе кое ни го промени животот, ни го исполни срцето и ни покажа што значи безусловна љубов.
Денес, нашето мало бебе е веќе големо момче.
Среќен 12-ти роденден, МАКЕДОН! 🎂❤️
Горди сме на тебе повеќе отколку што можат зборовите да кажат 🌟 - стои во објавата.
Тие споделија и дека талентираното момче за роденденот добило специјален подарок, телескоп со кој ќе може да истражува за вселената.
🎂 Роденденски подарок што ја враќа страста кон галаксиите! 🔭
За Мaкедон. најубавиот подарок не е само предмет — туку ново патување низ бескрајниот Универзум.
Телескопот повторно ја разгоре неговата љубов кон ѕвездите, планетите и далечните галаксии.
Следната авантура започнува веднаш штом ќе се појават првите ѕвезди - напишаа родителите.
Во интервју за Фемина, Владимир и Тина споделија како е да се расте „чудо од дете“.
Тоа е огромна радост, но и голема одговорност. Радоста е во тоа што сведочите на нешто навистина посебно, но одговорноста е да знаете како правилно да го насочите без да му го одземете детството или да создадете непотребен притисок.
Македон е едно сосема нормално, весело и љубопитно дете. Сака музика, дружење, истражување и активности како и секое друго дете. Неговата посебност не го одвојува од детската радост – споделија тие.