Марија Ивановска со нетрпение го очекува моментот кога ќе стане мајка.
Пејачката од Ај Кју активно се подготвува за породувањето. Таа на Instagram сподели видео во кое вежба во домашна атмосфера.
„Вежбам за најтешкиот тренинг во мојот живот: породувањето“ – пишува Марија на видеото, а во описот открива дека веќе е во осмиот месец од бременоста.
Марија и Бојан Трајковски прво склучија граѓански брак, а пред два месеци направија свадбена прослава во хотел на плажа на Халкидики, Грција.
Парот ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната „Lost and Found“.