• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Манекенка им возврати на оние кои ја критикуваа за витката става во осмиот месец од бременоста

26 декември 2017, 10:42
  • cподели

Ема Меквеј со радост ја сподели со своите фанови веста дека очекува бебе. Манекенката често објавуваше фотографии на својот профил на Instagram за да ги известува обожавателите како се одвива нејзината бременост.

Но, 25-годишната Британка не очекуваше дека фотографиите кои го документираат претпоследниот месец од бременоста ќе изгледаат контроверзно во очите на јавноста и ќе ја направат мета на критики.

Многу од нејзините следбеници ја нападнаа поради големината на нејзиниот труднички стомак, коментирајќи дека таа е нездраво слаба, дека стомакот ѝ е премал и дека се сомневаат во вистинитоста на нејзината бременост.

A post shared by Emma McVey (@emma_jane1392) on Dec 17, 2017 at 4:40am PST

A post shared by Emma McVey (@emma_jane1392) on Dec 1, 2017 at 10:20am PST

A post shared by Emma McVey (@emma_jane1392) on Nov 27, 2017 at 10:46am PST

Моделот којшто го очекува раѓањето на своето прво дете во јануари, објави уште една фотографија и кратка порака со која им се спротивстави на критизерите.

A post shared by Emma McVey (@emma_jane1392) on Dec 17, 2017 at 9:59am PST

„’Навистина ли е бремена?’ Не, лажам за бебето од речиси 3 кг коешто е моментално во мојот стомак. Ја објавувам оваа фотографија најмногу поради тоа што мојот стомак може јасно да се види во одразот на огледалото. Да, однапред не изгледам толку широка и огромна, но, во споредба со мојата половина пред да забременам, верувајте ми дека ги здобив сантиметрите коишто требаше. Моето бебе е здраво, расте токму како што е предвидено и, да бидам искрена, едвај чекам да ве замолчам за неколку седмици“.

Многу од обожавателите застанаа во нејзина одбрана пишувајќи дека секое тело и оттаму- секое трудничко стомаче е различно. Земајќи го предвид тоа што Ема има природно витка става и по професија е модел, разбирливо е тоа што таа успеа да ја задржи својата линија за време на бременоста.

„Ве молам, не однесувајте се како да сте доктори и не кажувајте ми што е добро или лошо за моето здравје, сѐ додека не видите што јадам во текот на еден ден. Не треба да им судите на луѓето додека не знаете ништо за нив“ – дополни моделот и со тоа им стави крај на критиките.

ЕмаЕма на почетокот на третиот триместар
Tags
фит трудница

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.