• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Коки Јанков за покојниот Дуле: „Алкохолот му беше проблем... Не можеше да разбере колку беше сакан“

29 октомври 2026, 11:00
  • cподели

Дуото Дуле и Коки беше едно од омилените во Македонија, а најголема популарност стекна во 1996 година со песната „Виолина и гитара“.

Додека редеа музички успеси, Душан Љубисављевиќ – Дуле и Никола Јанков негуваа и одлични пријателски односи надвор од сцената. 

„Ние бевме ептен како браќа“ – рече Коки во подкастот со Давид Давидовски во кој отворено зборуваше за заедничките денови, за тешката приказна, за разводот и за претстојниот концерт кој ќе се одржи на 14 ноември во Македонската филхармонија.

Меѓу другото, во разговорот, тој се осврна и на причината за смртта на Дуле, како и на проблемите со кои се соочувал неговиот пријател.

„Знаеме дека Дуле почина од цироза на црн дроб“ – му рече Давид во емисијата, а Коки додаде: „Може да се каже“. Потоа, Давид го прашаа Коки: „Беше алкохоличар?“

„Имаше проблем со алкохолот... Немаше некој поголем проблем, но секој си знае од каде потекнува, од која фамилија. Сите ние влечеме некакви трауми, некој поголеми, некој помали. Директно, никогаш не сме зборувале ние за тоа, ама можам само да претпоставувам“ – одговори професорот по виолина.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DAVID DAVIDOVSKI (@davidovski_icon)

Коки призна дека имало моменти кога Дуле не можел да излезе од кафеана и дека тој го влечел надвор, но нагласи дека неговиот пријател бил исклучително сакан, иако можеби не бил свесен за тоа колку им значел на луѓето.

„Многу го сакавме, не само ние најблиските, туку цела Македонија го сакаше. Тој најверојатно тоа не можеше да го разбере, колку беше сакан“ – рече тој.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Koki Jankov (@kokijankov)

Дуле и Коки се немале видено во последните 2-3 месеци пред неговата смрт.

„Вистина е. Тој викенд беше во болница и си рековме ајде понеделник ќе одиме да го видиме, се договаравме со другар од Штип. И баш сабајлето кога тргнавме, ми се јавија неговите и ми викаат толку е.

Се потресовме сите. Јас не верував во тоа... Шок, јас мислев дека ќе се излечи. Станаа толку комплицирани работите, што тогаш сè се распаѓаше... Ептен бевме ние браќа“ – рече тој.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by DAVID DAVIDOVSKI (@davidovski_icon)

Нивното пријателство траело уште од детството, а музичката соработка била само еден дел од врската што ја имале. Коки се присети и на една своја изјава во која ја опишал нивната различност, но и начинот на кој успевале да функционираат заедно.

Во едно интервју имал изјавено: „Дуле беше огнот, а јас знаев како да повлечам рачна“. На прашањето дали тоа навистина било така, Коки одговорил:

„Тоа е вистина. Тоа е карактерот, тоа е способноста да привлекува. Понекогаш импулсот знаеше да биде и повисок. Но, ние се знаевме од деца и за тоа да функционира, мораше да има моменти каде што за огнот и водата да функционираат заедно, мораше да се повлече и рачна“ – рече тој.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Koki Jankov (@kokijankov)

Целиот подкаст можете да го гледате тука:

Tags
Дуле и Коки

Најнови

  • Со години трагала по вистината за брат ѝ кој исчезнал од дом: Силвана Ивановска со потресна исповед – „Докторот му го распарчи стомакот“

    Thu, 10/29/2026 - 12:05
  • Поврзани онлајн, осамени офлајн: менталното здравје во дигиталната ера

    Thu, 10/29/2026 - 11:15
  • Коки Јанков за покојниот Дуле: „Алкохолот му беше проблем... Не можеше да разбере колку беше сакан“

    Thu, 10/29/2026 - 11:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.