• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Поврзани онлајн, осамени офлајн: менталното здравје во дигиталната ера

29 октомври 2026, 11:15
  • cподели
М-р д-р Марија Костадиновска Специјалист по психијатрија
М-р д-р Марија Костадиновска, специјалист по психијатрија

Никогаш досега не сме биле толку поврзани. Пораките стигнуваат веднаш, работиме и учиме од далечина, информациите ни се достапни во секој момент, а вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од нашето секојдневие.

Но, дали постојаната дигитална поврзаност секогаш значи и вистинска човечка поврзаност?

Сè почесто се среќаваме со луѓе кои голем дел од денот го поминуваат пред екран, додека непосредните контакти, дружењето, движењето и времето надвор од домот постепено се намалуваат. Парадоксално, можеме да комуницираме со десетици луѓе во текот на денот, а сепак да се чувствуваме осамено.

Дигиталната ера донесе и еден поинаков притисок – чувството дека мораме постојано да бидеме присутни, информирани и продуктивни за да не заостанеме зад другите.

Тука се препознава и феноменот FoMO – Fear of Missing Out, стравот дека нешто пропуштаме: информација, можност, искуство или шанса другите да напредуваат побрзо од нас. Со развојот на вештачката интелигенција, кај некои луѓе тој страв добива и нова форма: „Ако застанам, другите ќе научат повеќе, ќе направат подобро и ќе бидат поуспешни.“

И така времето за работа се продолжува, границата меѓу работата и одморот се губи, а умот останува постојано „вклучен“.

Емоции

Кога дигиталниот простор постепено ќе почне да го заменува реалниот, враќањето во непосредната социјална средина за некои луѓе станува потешко. Може да се појават чувство на отуѓеност и неприпадност, несигурност во односите со другите, анксиозност, депресивно расположение, нарушување на сонот или потреба напнатоста да се намали со алкохол или други нездрави начини на справување.

Проблемот не е во технологијата. Ниту во вештачката интелигенција. Предизвикот е да научиме да ги користиме без да го изгубиме просторот за себе и за другите.

Менталното здравје во дигиталната ера значи да умееме и да се исклучиме. Да разговараме лице в лице. Да се движиме. Да негуваме блискост. Да имаме време во кое не мораме да бидеме продуктивни. И да прифатиме дека не мораме да бидеме присутни насекаде и да знаеме сè.

Автор: М-р д-р Марија Костадиновска, специјалист по психијатрија

Tags
д-р Марија Костадиновска
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“

    Thu, 10/29/2026 - 12:29
  • ЕДС меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании

    Thu, 10/29/2026 - 12:26
  • Со години трагала по вистината за брат ѝ кој исчезнал од дом: Силвана Ивановска со потресна исповед – „Докторот му го распарчи стомакот“

    Thu, 10/29/2026 - 12:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.