Мандар ја сподели првата фотографија со Дариа и новородената ќеркичка во болница, славеше за приновата со другарите
Васил Мандаровски – Мандар е пресреќен што стана татко. Македонскиот јутјубер ја сподели првата фотографија од болница на која позира со сопругата Дариа и новородената ќеркичка.
Бебенцето го доби името Илина.
По раѓањето на неговата наследничка, Мандар веднаш се упати на прослава на која славеше во машко друштво со најблиските пријатели. Тие со песна го прославија доаѓањето на свет на неговата ќерка.
„Станав татко. Не знам што да кажам, а клише ми е да ги ставам тие ‘добредојде принцезичке’. Добредојде ќерко, не знам... станав татко“ – изјави Мандар во видео кое го сподели вчера, исполнет со најразлични емоции и возбуда.