Дариа и Васил Мандаровски – Мандар станаа родители.
Познатиот македонски јутјубер и неговата сопруга добија ќеркичка, а среќната вест ја објави тој на Instagram Story.
„Станав татко. Не знам што да кажам, а клише ми е да ги ставам тие ‘добредојде принцезичке’. Добредојде ќерко, не знам... станав татко“ – вели тој исполнет со најразлични емоции и возбуда.
Пред 21 час, Дариа сними видео во кое е прикажана како подготвена за во болница очекува да ѝ започнат контракциите.
Дариа и Мандар стапија во брак во мај годинава.