Мамина наследничка: Малата Харпер со фризура како на Викторија Бекам во времето на Spice Girls
Харпер Бекам со нова фризура разбуди носталгија кај фановите на Spice Girls, затоа што ги потсети на изгледот на Викторија во 90-тите години.
44-годишната дизајнерка и поранешна пејачка објави фотографии од 7-годишната ќерка и поттикна многу коментари дека си наликуваат.
Пред еден месец, Дејви сподели фотографија на која тој ја потстрижува слатката ќерка и напиша дека не е среќен за потскратувањето, но дека Харпер изгледа прекрасно.