• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Мамичке, јас нема засекогаш да бидам толку малечко“: Емотивен текст од гледна точка на бебето

17 март 2021, 09:26
  • cподели

Децата растат брзо, па додека мајките да трепнат, тие веќе се самостојни личности кои градат свој живот и свое семејство.

Мајките на мали деца честопати посакуваат нивните малечки побрзо да пораснат за да им се намалат обврските околу нивната грижа. Но, кога тоа ќе се случи, тие копнеат по деновите кога ги имале своите деца покрај себе 24/7.

Кимберли Кис напиша текст од гледна точка на нејзиното дете за да ги долови чувствата на родителите додека растат нивните „бебиња“.

Дете

Мамичке, јас нема засекогаш да бидам толку малечко

Мамичке, знам дека некогаш ти се чини дека имаш заборавено многу нешта.

Не можеш да се сетиш како е да ти биде гарантиран целосен вечерен сон, бидејќи понекогаш те будам навечер и ми требаш.

Не можеш да се сетиш како е да изедеш цел оброк без јас да побарам нешто од твојата чинија (иако ја имам истата храна и за мене).

Не можеш да се сетиш како е да правиш што било во текот на денот (вечера, перење, чистење) без јас да сакам да ти помогнам.

Понекогаш, посакуваш да беше полесно да ги завршиш обврските во текот на денот наместо да треба да чекаш јас да заспијам навечер, кога си изморена.

Но, јас нема засекогаш да бидам толку малечко, Мамичке.

Еден ден, ќе трепнеш и веќе ќе ме испраќаш до автобуската станица на аголот од улицата. Иако ќе имаш широка насмевка на твоето лице кога ќе ми кажуваш колку забавно ќе биде на училиште, солзите ќе потечат по твоето лице во секундата кога автобусот ќе пристигне, а ти ќе се вратиш дома без мене.

Ќе имаш време подалеку од мене и ќе можеш да го пополниш со сè што треба да завршиш, но тој прв ден, многу ќе ти недостигам и нема да можеш да правиш ништо друго освен да мислиш на мене.

За среќа, сè уште ќе имаш време со мене по училиште и во викендите, во деновите кога нема да бидам на училиште и за летниот распуст. Но, тоа нема да биде така засекогаш.

Пред да се свестиш, јас ќе се упатувам на факултет. Ќе ме охрабруваш и ќе ми кажуваш колку ќе биде одлично кога ќе ме одведеш таму, но потоа ќе плачеш цел пат до дома зашто твоето бебе пораснало и е самостојно.

Ќе бидеш пресреќна кога ќе ти се јавам и ќе ти кажам дека доаѓам дома за викендот и ќе ги броиш деновите до моето враќање дома.

А потоа, еден ден, ќе дипломирам и ќе се вработам. Можеби кратко ќе поживеам дома, можеби не. Но, во одреден момент, ќе се преселам во мој дом.

Ти ќе ми помогнеш да се преселам и ќе ми дадеш комплименти за моето ново место.

Исто како кога ме остави на факултет првиот пат, ќе плачеш цел пат до дома, бидејќи повеќе нема да живеам со тебе.

Ќе сакаш да ме посетуваш или да ме имаш на гости во секоја можна прилика.

Потоа, можеби еден ден јас ќе стапам во брак и ќе основам свое семејство.

А тој ден Мамичке, иако ќе треба повеќе да ме споделуваш, знам дека ќе бидеш пресреќна.

Ќе ги сакаш премногу твоите внуци и ќе сакаш да ги гледаш во секоја можна прилика.

А додека јас сум сред море од предизвици воспитувајќи ги моите малечки, знам дека веднаш ќе дојдеш да ги чуваш твоите внуци и дека ќе ми дадеш одмор ако ти кажам дека ми треба време за себе.

Но, исто така ќе ми се насмевнеш и ќе ми речеш: „Само почекај. Ќе дојде ден кога сето ова ќе ти недостига исто како што мене ми недостигаат деновите кога ти беше малечко“.

Tags
мајка

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.